Си го сменила презимето и побегнала во Париз: Која е тајната ќерка на Владимир Путин?
Кога почна да се шпекулира за идентитетот на 22-годишната Елизавета, магазинот The Time стапи и во контакт со менаџерот на двете галерии кој застанал во нејзина одбрана.
„Велат дека личи на Путин. Но, и 100.000 други луѓе личат на Путин. Јас не сум видел ДНК тест што докажува дека таа му ќерка“.
Сепак, некои сметаат дека доказите се преочигледни, а најмногу се потпираат на нејзините објави на социјалните мрежи кои по војната во Украина, драстично се промениле.
Во една објава, Елизавета напишала дека Путин одзел милиони животи, а го уништил нејзиниот.
Изјавила и дека поради него, веќе не можела да се шета во Санкт Петерсбург и не можела да ги посети своите омилени места.
Но, важно е да се нагласи дека некои светски медиуми велат дека овие објави веројатно биле напишани од лажен профил.
Други сметаат дека доста сомнително е и огромното богатство на мајка ѝ, односно дека е доказ за аферата со Путин.
Мајката на Елизавета никогаш не ја потврдила аферата со рускиот претседател.
Но, низа светски медиуми тврдат дека е дел од блискиот круг на Путин и затоа се збогатила преку ноќ.
Во 2023-та, пак, била санкционирана од Англија и тој период се покажало дека имот на неколку локации низ Русија.
Кога приказната за тајната ќерка на Путин почна да се споделува, портпаролот на рускиот претседател само сподели дека немал слушнато ништо такво.
Путин ги признава двете ќерки што ги доби со поранешната сопруга. Но, никогаш ниту признал, ниту негирал дека и Елизавета е негова ќерка.
Погледнете и: Се запишале на факултет со лажен идентитет: Што знаеме за ќерките на Владимир Путин?
Спирова С. | Црнобело