Си го сменила презимето и побегнала во Париз: Која е тајната ќерка на Владимир Путин?

Владимир Путин нема потврдено, но не ни негирал дека има 22-годишна ќерка која ја напушти Русија откако тој ја почна војната во Украина. Пораснала во луксуз, но сега пробувала да се дистанцира од нејзиниот татко.

si-go-smenila-prezimeto-i-pobegnala-vo-pariz-koja-e-tajnata-kjerka-na-vladimir-putin-01.jpg

Владимир Путин има две деца – ќерките Марија и Катерина. Но, со години наназад се шпекулира дека има и тајна ќерка која пробува да се држи настрана од него и живее во Париз.

Според гласините, „тајната ќерка“ на Путин се вика Елизавета, но го користела и името Луиза, а повторно се најде во фокус на јавноста откако на улица беше застана од украински новинар.

si-go-smenila-prezimeto-i-pobegnala-vo-pariz-koja-e-tajnata-kjerka-na-vladimir-putin-10.JPG

На видео објавено од новинарот, се гледа млада девојка која пробува да си го крие лицето. Новинарот вели дека во ноември, брат му бил убиен во Украина за време на руски напад.

Девојката е видно вознемирена додека новинарот ја прашува дали го поддржува татко ѝ (Владимир).

По некое време, таа само му вели дека жали за целата ситуација и дека таа нема никаков удел во војната со Украина.

Не е потврдено дека Путин има тајна ќерка, но видеото и одговорот на девојката натера дел од јавноста да почне да верува во шпекулациите.

si-go-smenila-prezimeto-i-pobegnala-vo-pariz-koja-e-tajnata-kjerka-na-vladimir-putin-11.JPG

Па, што знаеме за тајната ќерка на Путин?

Според гласините, мајката на Елизавета е поранешна хигиеничарка која имала афера со Владимир Путин.

Наводно, ја почнале аферата во 1999 година, а откако се родила Елизавета, Путин почнал да ја издржува финансиски.

Според The Sun, денес мајката на Елизавета, Светлана, е сопственичка на ноќен клуб во Санкт Петерсбург, а има и богатство од околу 100 милион долари.

si-go-smenila-prezimeto-i-pobegnala-vo-pariz-koja-e-tajnata-kjerka-na-vladimir-putin-12_copy.JPG

Елизавета, пак, пораснал опкружена со луксуз и на Инстаграм честопати се фалела со раскошниот живот.

Се претпоставува дека живеела во Русија, но од почетокот на војната во Украина, се преселила во Париз.

Наводно, овде си го променила презимето, обидувајќи се да се дистанцира од своето минато и од нејзиното семејство.

si-go-smenila-prezimeto-i-pobegnala-vo-pariz-koja-e-tajnata-kjerka-na-vladimir-putin-4.JPG

Студирала на престижен факултет, а работела во две познати уметнички галерии во Париз.

Веројатно поради татко ѝ, избрала галерии во кои честопати има антивоени изложби, од кои дел самата ги организирала.

si-go-smenila-prezimeto-i-pobegnala-vo-pariz-koja-e-tajnata-kjerka-na-vladimir-putin-06.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Ќерка ми загина неколку дена пред 3-иот роденден, врз неа падна комода од 30kg – родители бидете по... „Се случи многу брзо и многу тивко. Се случи нешто незамисливо. Вината и срамот ...

Најчитани неделава