Уби жена и не одговараше, не ја интересира бизнисот што ѝ донесе милијарди - Која е најбогатата жена на планетата?
- Детали
- сабота, 13 декември 2025
Двапати била во брак со „обични мажи“, но многу брзо се развела и од едниот и од другиот. Растена е со тројца браќа и е многу разгалена и покрај тоа што има 76 години. Која е најбогатата жена на светот (за која најверојатно никогаш не сте слушнале)?

Благодарение на семејната компанија, ланецот хипермаркети Walmart, Алис Волтон има над 122 милијарди долари, поради што е прогласена за најбогатата жена на светот.
Таа се најде на 15-тото место на листата најбогати луѓе во светот.
Но, никогаш не била премногу заинтересирана за семејниот бизнис и таму работела многу кратко време.
Наместо тоа, Алис, имала други интереси - уметност и филантропија.

Која е Алис Волтон, милијардерката за која најверојатно не сте слушнале?
Родена е во 1949 година во Њупорт, Арканзас, како единствена ќерка на Сем Волтон.
13 години по нејзиното раѓање, татко ѝ го основал Walmart.
Алисон пораснала со тројца постари браќа, во Бентонвил, каде што завршила средно училиште, а потоа запишала студии по економија на Универзитетот Тринити во Сан Антонио, Тексас.

Според нејзиниот татко, Алис била „најслична на него од четирите деца“ - бунтовничка, но дури и понестабилна од него.
Но, за разлика од него, Алис никогаш не била вистински вклучена во семејниот бизнис.
Кратко работела во одделот за детска облека, но потоа решила да го посвети својот живот на уметноста.

Страста за уметност кај Алис се разбудила многу рано.
На само 10 години кога првпат решила да купи копија од слика од Пабло Пикасо, со пари што ги штедела пет недели од својот џепарлак.
Првпат купила оригинали со музејски квалитет кон крајот на 1980-тите, кога станала сопственичка на две слики од Винслоу Хомер.
Денеска, таа поседува една од најголемите приватни уметнички колекции во Америка, со дела од Енди Ворхол, Норман Роквел, Џорџија О’Киф и други големи уметници.
За да ја зачува својата ризница, таа го основала музејот Crystal Bridges во Бентонвил, институција со уметнички дела кои се проценуваат на најмалку 500 милиони долари.

Сепак, уметноста не е нејзината единствена страст.
Таа одгледува чистокрвни коњи, а наводно има и око за препознавање идни шампиони меѓу двомесечните ждребиња.
И покрај тоа, нејзиниот живот е проследен со неколку скандали и тешки моменти.
Во 1983 година, Алис доживеа сериозна несреќа по семејна прослава, во која ги скрши двете нозе.
Лекарите размислувале за ампутација, но ѝ ги спасиле екстремитетите по неколку операции.

Шест години подоцна, таа повторно беше вклучена во сообраќајна несреќа, но овој пат таа ја предизвика.
Имено, возејќи низ магла, со автомобилот налета на 50-годишна жена и ја удри. Жената почина како последица на ударот, но против Алис никогаш не беа поднесени обвиненија, поради што се верува дека семејството на жртвата добило многу пари надвор од судот.
Во 1998 година, Алис беше осудена за возење под дејство на алкохол, по што плати казна од 925 долари.

Таа зад себе има два пропаднати брака - прво со инвеститор од Луизијана во 1974 година, од кого се разведе по две и пол години.
Неговото име не е познато, исто како што не се знае ни името на нејзиниот втор маж, но познато е дека станува збор за „работник кој го изградил нејзиниот базен“, а од кого се развела многу брзо.
Според медиумите, таа нема деца.

Како и многу други богаташи во Америка, кои често издвојуваат средства за финансирање политички кампањи, и Алис беше вклучена во неколку вакви приказни.
Таа беше донатор на неколку политички кампањи, вклучувајќи ја и претседателската кандидатура на Хилари Клинтон во 2016 година.
Но, донирала и стотици милиони долари за добротворни проекти и е позната по тоа што финансирала здравствени центри, медицински училишта, уметнички организации, а дала и речиси половина милијарда долари во семеен фонд.

А. Ј. | Црнобело
