Емотивно видео: Бездомно куче „украде“ играчка од продавница, луѓе собраа пари за да му ја купат

Во емотивно видео што се споделува вирално, се гледа бездомно куче кое зело играчка од продавница, а една од продавачките се обидува да му ја одземе. Но, тогаш неколку луѓе почнуваат да собираат пари за да му ја купат играчката. На крај, благодарение на видеото, кучето било и вдомено.

emotivno-video-bezdomno-kuche-ukrade-igrachka-od-prodavnica-lugje-sobraa-pari-za-da-mu-ja-kupat-01.jpg

Деновиве вирално се споделува видео кое сме сигурни дека ќе ви го разубави денот.

На видеото се гледа бездомно куче кое „краде“ играчка од продавница, а неколку луѓе кои го забележуваат, одлучуваат да ја платат и да му ја дадат.

Видеото е снимено неколку денови пред католичкиот Божиќ (25.12) во трговски центар во градот Мерида во Мексико.

На почетокот од видеото се гледа куче во продавница за играчки кое држи кадифено мече во устата.

Една продавачка пробува да му го одземе, но кучето не дозволува.

emotivno-video-bezdomno-kuche-ukrade-igrachka-od-prodavnica-lugje-sobraa-pari-za-da-mu-ja-kupat02.jpg

Додека го гали и пробува да му ја земе играчката на кучето, одоколу се собираат луѓе кои гледаат што се случува.

„Ја зеде играчката и сакаше да си замине, но вработените пробува да му ја земат. Кучето не ја испушташе играчката од уста“, раскажува за The Dodo маж кој сведочел на сцената.

Но, одеднаш луѓето кои стојат пред продавницата почнуваат да даваат пари за да ја платат и играчката и да му ја дадат на кучето.

emotivno-video-bezdomno-kuche-ukrade-igrachka-od-prodavnica-lugje-sobraa-pari-za-da-mu-ja-kupat04.JPG

Во последниот инсерт од видеото, се гледа како кучето пресреќно трча низ трговскиот центар со новата играчка.

Благодарение на видеото, пак, кучето си нашло и нов дом.

emotivno-video-bezdomno-kuche-ukrade-igrachka-od-prodavnica-lugje-sobraa-pari-za-da-mu-ja-kupat-03.JPG

Како што споделува The Dodo, откако го изгледал видеото, маж отишол да го најде кучето во трговскиот центар и го однел во својот дом.

Кучето е кај него веќе неколку денови, а тој вели дека почнува да се привикнува на новиот дом.

„Многу сака да си игра, но и да се гали“, открива новиот сопственик.

Погледнете го емотивното видео:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...

Најчитани неделава