Виртуелен пат за подобро здравје

virtuelen-pat-za-podobro-zdravje-povekjeКако дел од најголемата светска иницијатива за подобрување на здравјето на работното место – Global Corporate Challenge (GCC), околу стотина...


...вработени во Adriatic тргнаа на виртуелна прошетка по светот.

Со оваа акција, вработените во Nestlé се придружуваат на вкупно 180.000 вработени од 1.500 компании од целиот свет.

Главна цел на акцијата на GCC е да се мотивираат вработените да се движат и на тој начин да ги намалат здравствените ризици поврзани со најголемиот број од денешните работни места.

Така, вработените во Nestlé Adriatic во текот на наредните 16 недели, ќе се обидат да остварат најмалку 10.000 чекори дневно, следејќи го својот напредок со помош на посебен апарат за мерење на чекорите – степометар.

Минатата година вработените од Nestlé од регионот изодеа вкупно 149.587 километри за три месеци, односно, ја обиколија Земјата 3,7 пати. Иако станува збор за импресивни растојанија, оваа година сакаме да бидеме подобри“ изјави Ања Мудриќ, координатор за безбедност, здравје и  животна средина во Nestlé Adriatic. „Nestlé сака да им помогне на своите вработени со спојување на работата и грижата за нивното здравје. Поддршката од страна на високиот менаџмент, кој и сам учествува во оваа иницијатива, ја покажува намерата на компаниите да влијаат на подобрување на здравјето на своите вработени, како и зголемување на нивното задоволство на работното место.

Според резултатите од извештаите на GCC од 2011 година, 51 посто од испитаниците се изјасниле дека активното учество во оваа иницијатива им помогнало во борбата против стресот, а исто така позитивно влијае на квалитетот на спиењето. Покрај тоа, како дел од иницијативата, секој учесник во просек намалил 4,5 килограми од својата тежина.

Повеќе информации за иницијативата на Global Corporate Challenge и за тоа како влијае позитивно на здравјето и работното место, можете да добиете од видеото на следниот линк.

Би можело да ве интересира:

„Добивме дете со ин витро, но клиниката искористила туѓ ембрион – не знаеме каде е нашиот“ Кон крајот на минатата година, пар од Флорида добил ќерка зачната со ин витро. Н...
„Маж ми 18 години е заглавен во најстрашниот затвор во Дубаи – условите се ужасни, имаше и туберкуло... „Условите се ужасни. Исхраната е лоша и немаат никаква физичка активност. Рајан ...
Јадела само овошје, имала само 22kg: Тажната приказна на девојка што почина од неисхранетост на Бали Каролина од Полска целиот живот се борела со нарушувања во исхраната, за пред кр...
Членови на кралското семејство кои биле ужасни со вработените – Слугинките плачеле од Меган Маркл На принцезата Дијана воопшто не ѝ бил лесен животот со кралското семејство. Па, ...
Убиецот на Украинката во САД потекнувал од семејство криминалци: Брат му е во затвор за убиство, тат... Мажот кој ја уби 23-годишната Украинка во воз во САД потекнувал од семејство кри...
Избегната голема трагедија во Германија - пожар во преполна дискотека, спасени сите 750 гости (фото+... Во неделата, околу 3 часот по полноќ, во дискотека во Германија избувнал пожар ш...

Најчитани неделава