Бил во затвор за проституција и киднапирање: Кој е сопственикот на локалот во Швајцарија, во кој избувна страшниот пожар?
Бидејќи соработуваат со надлежните, Жак и Џесика не се уапсени, но не се исклучува можноста и тие да бидат изведени пред лицето на правдата доколку се покаже дека имаат некаква одговорност за пожарот.
Односно, тие се под кривична истрага за убиство од небрежност, нанесување повреди од небрежност, како и предизвикување пожар од небрежност.

Daily Mail, пак, го сврте фокусот кон Фејсбук фотки што ги објавиле Жак и Џесика на кои се гледа како го реновираат локалот во 2015 година.
На фотографиите, Жак позира во празниот локал со алати, а на друга фотка се гледа и реновирањето на подрумот, каде што избувна пожарот.


Има фотографија и на која се гледа како е поставена изолацијата на таванот за која се верува дека се запалила прва.
На една од фотографиите се гледаат и двајцата, пред изолацијата да биде поставена.

Daily Mail спомнува и постаро интервју од Жак Морети за локален медиум, во кое тој открива дека шест месеци го реновирал локалот.
Тој и сопругата првпат отишле во Кран-Монтана во 2011 година и бидејќи се вљубиле во гратчето, решиле овде да започнат бизнис.
„Речиси сè направив сам. Погледнете ги ѕидовите, овде има 14 тони камен“, вели Жак во интервјуто.

Локалот се покажал како мошне популарен, па низ годините, Жак и Џесика успеале да отворат и два ресторана во гратчето.
За потсетување, пожарот во дискотеката избувнал околу 1:30 часот по полноќ. Загинати се 40 лица, од кои повеќето тинејџери, додека повредени се над 100.
Дел од повредените се со сериозни изгореници и веќе се лекуваат во други држави.
Истрагата уште е во тек, додека на улиците во Кран-Монтана стотици луѓе им оддаваат почит на загинатите.
Прочитајте и: Трогателна глетка во Швајцарија: Стотици луѓе на улиците во Кран-Монтана им оддаваат почит на загинатите во пожарот и бараат правда
Спирова С. | Црнобело