Бил во затвор за проституција и киднапирање: Кој е сопственикот на локалот во Швајцарија, во кој избувна страшниот пожар?
- Детали
- понеделник, 05 јануари 2026
Според неколку француски медиуми, сопственикот на локалот во кој избувна пожар на новогодишната ноќ во Кран-Монтана веќе имал судири со законот. Пред 20-тина години, тој бил во затвор за киднапирање, проституција и измама.

Барот во Кран-Монтана во кој избувна пожар за новогодишната ноќ е во сопственост на брачен пар – Жак и Џесика Морети.
Пожарот, во кој загинаа 40 лица од кои мнозинството тинејџери, најверојатно започнал од прскалки кои го запалиле таванот.
Бидејќи огнот се проширил многу брзо, сопствениците се „под лупа“ за тоа дали нивниот локал ги исполнувал безбедносните стандарди.
Два дена по трагедијата, тие се огласија, истакнувајќи дека во нивниот локал немало нерегуларности, како и дека соработуваат со надлежните.
„Не можеме ни да спиеме, ни да јадеме“, сподели Жак за локален медиум, кој вели дека во барот редовно имало инспекции.

Локалот работи од 2015-та година, а парот тврди дека се отворени за целосна соработка.
„Ќе направиме сè во наша моќ за да се утврди причината. Ќе направиме сè во наша моќ. Вклучени се и нашите адвокати“.

Жак и Џесика, кои потекнуваат од Франција, го купиле локалот во 2015 година и тие го трансформирале во популарната дискотека.
Според некои извори, Жак бил во непосредна близина на локалот кога избувнал пожарот, додека Џесика била внатре и самата се здобила со изгореници на раката.
Додека трае истрагата за пожарот, почна да се зборува и за нивното минато.

Според францускиот медиум La Parisien, ова не бил прв судир со законот за Жак:
„Познат е за случаи поврзани со проституција пред 20-тина години, исто како и за киднапирање. Беше затворен во Савоја, Франција“, пишува медиумот.
Слични информации се споделени и на белгиското радио RTL – според нивните извори, Жак бил во затвор за проституција, измама, киднапирање и незаконско лишување од слобода.
