Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да направам ништо“
- Детали
- вторник, 20 јануари 2026
„Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. Не можам да спијам, ова се слики кои не се заборават“, вели жена која живее во близина на месото каде се судрија два воза во Шпанија и загинаа над 40 луѓе.

Во неделата (18.01) во Шпанија се случи една од најсмртоносните несреќи со воз од поновата историја на земјата.
Се судрија два воза – едниот на пат од Малага кон Мадрид со 294 патници, а другиот на пат од Мадрид кон Уелва со 184 патници.
Кога возовите се разминувале, неколку вагони од возот кој се движел кон Мадрид излетале од шините и завршиле на пругата на другиот воз.
Возот кој тргнал од Мадрид удрил во нив, а во несреќата загинале најмалку 40 лица и уште повеќе се повредени.
Меѓу загинатите е и еден машиновозач, додека надлежните уште ја истражуваат причината за несреќата.
Како што споделуваат некои шпански медиуми, пругата била реновирана минатата година, што ја прави несреќата уште поневообичаена.
Вчера надлежните споделија дека уште се трага по жртви:
„Веројатно ќе најдеме уште загинати кога ќе земете предвид колку метал има овде.
Пожарникарите работат одлично, но за жал, кога ќе донесат опрема за да ги помрднат тешките делови од возовите, веројатно ќе најдеме повеќе жртви.
Кога ќе видите како се уништени возовите, јасно е колку бил силен ударот“.
Дел од преживеаните ги споделуваат и нивните потресни сведоштва.
За шпанскиот весник El Mundo, 40-годишен маж вели дека кога почувствувал тресење, помислил дека е некој мал проблем. Но, одеднаш целиот вагон почнал да се движи напред-назад.
„Беше како земјотрес. Кога излегов од вагонот, видов мртво тело.
Пред вагонот имаше само куп метал. Луѓето викаа за помош, но едвај можевме да поминеме“.
23-годишна девојка, пак, вели дека се сеќава дека било „црна темница“ кога се случил судирот, а куферите почнале да паѓаат од преградите.
„Некој ја скри вратат за да излеземе. Сфативме колку е сериозен судирот дури кога излеговме надвор“.
За шпанскиот медиум El Pais, неколку преживеани велат дека самите ги ваделе повредените и жртвите од возот додека да дојде помош.
„Не мислевме, само вадевме луѓе. Но, во еден момент сфаќате дека не можете да направите ништо повеќе“.
Други, пак, останале заглавени во вагоните повеќе од 40 минути и чекале професионалци за да им помогнат да излезат.
„Беше тивко, па ќе слушневме извици. Јас си го барав синот. Дури кога видов дека е жив, можев да земам воздух“, споделува жена.
Млада девојка која патувала со сестра ѝ вели дека други патници ги скршиле прозорците од нејзиниот вагон и така успеала да излезе.
„Прво си помислив дека ова не е нормално, па ја побарав сестра ми. Тоа е последното нешто што го помнам.
Имаше луѓе кои беа добри, имаше луѓе со многу, многу сериозни повреди.
Ги гледав пред мене и знаев дека ќе умрат, а дека јас не можам да направам ништо за да им помогнам“.
Девојката вели дека пожарникарите успеала да ја спасат и сестра ѝ која моментално е на интензивна нега.
Жена која има фарма во близина на пругата вели дека со сопругот истрчале да видат што се случило и начекале вистинска хорор сцена.
„Делчиња од луѓе, не ни имаше луѓе, туку гледавме откинати раце. Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Другп детенце ја бараше мајка си. Не можам да спијам, ова се слики кои не се заборават“.
