Вториот сопруг ѝ загина, фати двајца сопрузи во неверство - Бурниот љубовен живот на Каролина од Монако

Вториот брак заврши со голема трагедија

Каролина се омажи вторпат во 1983 година, за италијанскиот наследник и возач на глисер Стефано Казираги.

Венчавката беше граѓанска, бидејќи црковниот развод сè уште не беше финализиран.

Во време на свадбата, Каролина беше бремена со нивното прво дете, Андреа Казираги.

Освен Андреа, ги добија и децата Шарлот и Пјер.

Иако делуваа среќни, нивната среќа беше прекината на 3 октомври 1990 година, кога Стефано загина во несреќа за време на трка со глисери.

Тој имаше само 30 години, а беше погребан во катедралата Свети Никола во Монако, на истото место каде што беше погребана принцезата Грејс само неколку години претходно.

Третиот брак заврши со скандал

Во 1999 година Каролина се омажи за принцот Ернст Август од Хановер, потомок на британската кралска лоза.

Нивната врска беше скандалозна уште од самиот почеток, бидејќи почна додека тој сè уште беше во брак со Шантал Хокули, пријателка на Каролина.

Парот се венчаа тајно, на 42-риот роденден на Каролина, а набрзо добија ќерка, принцезата Александра од Хановер.

vtoriot-soprug-i-zagina-dvajca-sopruzi-gi-fati-vo-neverstvo-burniot-ljuboven-zhivot-na-karolina-od-monako-17.jpg

Сепак, бракот беше обележан со бројни инциденти и јавни испади од страна на Ернст Август - тој уринираше на јавно место пред децата, удри новинар и шанкер, призна две вонбрачни деца, а во весниците беше објавена и негова фотографија со париска старлета.

Поради ова, принцезата Каролина го напушти.

Се разделија во 2009 година, иако никогаш официјално не се разведоа и понатаму се во брак.

vtoriot-soprug-i-zagina-dvajca-sopruzi-gi-fati-vo-neverstvo-burniot-ljuboven-zhivot-na-karolina-od-monako-18.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
Јадела само овошје, имала само 22kg: Тажната приказна на девојка што почина од неисхранетост на Бали Каролина од Полска целиот живот се борела со нарушувања во исхраната, за пред кр...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце) Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg