Вториот сопруг ѝ загина, фати двајца сопрузи во неверство - Бурниот љубовен живот на Каролина од Монако
- Детали
- недела, 01 февруари 2026
Првпат се омажи на 21 година со познат плејбој, а родителите се противеа на тој брак. Од третиот сопруг не е разведена иако скоро 17 години се разделени и не се виделе. Љубовниот живот на принцезата Каролина од Монако е полн со скандали.

За принцезата Каролина од Монако се вели дека своевремено била една од најубавите жени во кралските семејства во Европа.
И покрај убавината и мажите кои ѝ паѓаа пред нозе, нејзиниот љубовен живот е како од филм - изневерувања, скандали, неуспешни љубови, сопруг кој загина...

Сето ова придонесе таа да го добие епитетот „кралица на скршените срца“, кој ја следи и денес, на нејзини 69 години (родена е на 23 јануари 1957).
Каролина од Монако е ќерка на принцот Рение и холивудската дива Грејс Кели.

Со децении важеше за меѓународна модна икона и една од најгламурозните жени на европските дворови, а фактот што е принцеза дополнително придонесе за тоа нејзиниот љубовен живот секогаш да биде во центарот на вниманието.
Низ годините ја поврзуваа со бројни познати мажи, тенисери, синови на политичари, пејачи и актери.
Листата е долга, но сепак само тројца мажи успеаја вистински да ја освојат и да се венчаат со неа. Но, сите три брака завршија неславно.

Кои се трите сопрузи на принцезата Каролина?
Прв брак на само 21 година
Во летото 1978 година, Каролина се омажи за 17 години постариот француски банкар Филип Жино.
Европската елита се собра во кралската палата во Монако за да ја прослави венчавката на принцезата, чија врска беше контроверзна од самиот почеток.
Родителите на Каролина го сметаа Филип за несоодветен избор, бидејќи го следеше репутација на голем плејбој.
Парот се запозна само неколку месеци порано во ноќен клуб и брзо потоа се свршија.
На крајот, родителите ѝ дадоа благослов, знаејќи дека бракот нема да трае.
На свадбата со дијамантски тиари и гламур, имаше над 650 гости, меѓу кои и кралицата Ана од Романија, Ага Кан IV со неговата сопруга Бегум Салим, како и холивудските ѕвезди Ава Гарднер, Кери Грант и Френк Синатра.
Само две години подоцна се разведоа, кога Каролина виде фотографии од сопругот со друга жена. Но, поминаа цели 12 години пред бракот да биде поништен и од црквата, а тоа се случи дури во 1992 година.
Филип Жино почина на 8 јануари 2026 година, на 85-годишна возраст.
