Застрашувачка снимка: Пијан татко го држи својот син на јаже, 24 метри над земја, од прозорец на зграда - за забава
- Детали
- среда, 28 јануари 2026
Пијаниот татко за забава го ризикува животот на својот 5-6-годишен син, а неговите пријатели навиваат. Видео што го згрози светот и предизвика итна истрага за застрашувачкиот инцидент во Русија прикажува какви несовесни родители постојат.

Во медиумите кружи видео, снимено во Русија, од застрашувачкиот момент кога пијан татко го ниша својот син на јаже, на околу 24 метри над земја, од прозорец на стан во висококатница.
Снимката прикажува како детето се спушта од прозорец на седми кат, додека се слуша како моли: „Држи ме, држи ме“.

Детето, за кое се верува дека има 5 или 6 години, било спуштено со јажето околу 7–8 метри од прозорецот, пред повторно да биде извлечено нагоре.

Неговиот татко со недоличното однесување му го загрозил животот и затоа полицијата и државното обвинителство во Русија започнале итна истрага за застрашувачкиот инцидент.
Трагично е што и пријателите на таткото, кои го гледале и го снимале инцидентот без да интервенираат, се слуша како се смеат.

Наместо да му помогнат, на детето само му кажале: „Држи се за јажето“.
Таткото на крај дури победнички изјавува: „Тоа е тоа“.


Во соопштението од властите во Русија се вели:
„Додека консумирал алкохол, маж изложил момче на екстремен и опасен чин, спуштајќи го со јаже од прозорец на повеќекатна станбена зграда во градот Воронеж, а потоа повторно го извлекол нагоре, со што му го довел животот во опасност.
Родителите ќе бидат предмет на истрага, а во случајот ќе бидат вклучени и службите за заштита на деца“.
Погледнете го скандалозното видео ТУКА....
С. С. | Црнобело