Облечен е во ZARA аутфит, пар се венча среде настап – Легендарниот и моќен перформанс на Bad Bunny на Super Bowl 2026 (видео)
- Детали
- понеделник, 09 февруари 2026
На полувремето од финалето на Super Bowl, Бед Бани приреди спектакуларен настап со кој симболично испрати моќна порака – со одлична сценографија што ја прикажуваше културата во неговата земја, со него танцуваа Џесика Алба, Карди Би и Педро Паскал, изненадување за сите беа Лејди Гага и Рики Мартин кои накратко запеаја и заедно со него оддадоа чест на Порторико.

Бенито Антонио Мартинез Окасио (31) познат како Bad Bunny е порторикански рапер и пејач, кој стана еден од најслушаните артисти во светот, а на овогодишното доделување, доби неколку Греми награди.
Поранешна девојка го тужеше за 40 милиони долари, пеел во црковен хор - Што знаеме за Бед Бани?

На полувремето на финалето на Super Bowl, тој ја имаше честа да ги забавува гледачите, публиката и фановите на NFL, а иако многумина не веруваа, тој сепак направи вистински спектакл со неговото шоу.

Приреди одлична забава додека ги изведуваше најголемите хитови „Tití Me Preguntó,” „Yo Perreo Sola” и „DtMF,” а на сцената се појавија и многу неочекувани ѕвезди, како Карди Би, Џесика Алба, Педро Паскал и многу други кои танцуваа со него, додека сценографијата се менуваше така што раскажуваше различна приказна за секоја песна.

Наместо футуристички сет и ефекти, сцената го прикажува секојдневието на порториканските простори – улиците, местата за социјални собири, полиња и домови кои го прикажуваа вистинскиот живот, покажувајќи дека културата не е фантазија.

@nfl ICONIC 🎶 #AppleMusicHalftime @Bad Bunny #nfl #superbowl #badbunny #applemusichalftime
♬ original sound - NFL
Со својот настап тој оддаде почит кон сите аспекти на неговата култура – танцување, храна, кафе, игри, агрокултура и работници, значењето на луѓето, но и сиромаштијата, a за себе одбра целосно бел аутфит правен специјално за него, со потпис на ZARA.

Пејачот испиша историја и со тоа што речиси целиот негов настап беше на шпански среде американска сцена и со целиот свој перформанс го прикажа вистинскиот живот и остана верен на корените, за што немаше потреба од превод.

Бед Бани танцуваше качен на автомобил, на куќа, имаше голем број танчари со одлична кореографија, а во еден момент додека свиреа виолини, на сцената се појави пар младоженци кои беа прогласени за сопруг и сопруга.

