Татко ѝ веројатно бил убиен, ќе помине 20 години во затвор: Која е бившата девојка на Епстин што ги регрутирала жртвите?
На мета на Гислејн неретко биле ранливи и сиромашни девојки на кои им ветувала брза заработка или, пак, шанса за подобар живот.

Таа разговарала со нив за теми поврзани со секс, се соблекувала пред жртвите и генерално целта ѝ била да го „нормализира“ сексуалното малтретирање што го трпеле од Епстин.
Некогаш само ги лажела дека ќе работат како масерки за Епстин, за кога ќе ги однесе во неговиот дом, тие да бидат нападнати од неа и милијардерот.
Имало ситуации и каде Гислејн им давала пари на жртвите доколку донесат други девојки кај неа.

Според сведоштвата на една од жртвите, Вирџинија Џуфре, Гислејн ѝ понудила да работи за Епстин како терапевт за масажа.
Но, набрзо девојката станала жртва која потоа била присилувана да спие не само со Епстин, туку и со негови познаници, како принцот Ендру.
Вирџинија ја обвини Гислејн во тужба од 2015 година. Но, Гислејн ѝ возврати со тужба за клевета, нарекувајќи го обвиненијата лажни.

Во долгата истрага се дозна дека Епстин ја нарекувал Гислејн негов најдобар пријател, а според сведоштвата, таа му го организирала целиот живот.
Поранешна вработена кај Епстин сведочеше дека Гислејн била главна во домот и на сите вработени им давала прирачник од 58 страници.
Според прирачникот, никој од вработените не смеел да му зборува на Епстин, ниту пак да го погледне во очи.

По смртта на Епстин, Гислејн успешно се криеше извесен период, пред да биде уапсена во 2020 година
Неколку месеци по апсењето се дозна дека Гислејн се развела од сопругот со кој беше во брак од 2016-та.
Го чекаше судењето во затворска ќелија, а надлежните открија дека ги презеле сите мерки за да се спречи инцидент како со Епстин:
„Гислејн е под 24-часовен надзор, со 10 камери, вклучително и една што го следи нејзиното движење.
Не смее да застане во аголот од нејзината ќелија и не смее да се доближи до вратата повеќе од 70 сантиметри“, споделија надлежните по апсењето.

Во 2021 година беше прогласена за виновна по неколку точки, вклучувајќи наведување малолетни лица на проституција.
Во 2022-ра ѝ беше изречена 20-годишна затворска казна.

Прочитајте и: Проституција, сведоштва за ритуали и канибализам: Детали за случајот со педофилот Џефри Епстин (и новите документи)
Спирова С. | Црнобело
