Епстин ѝ го финансирал раскошниот живот: Како поранешната (и разгалена) снаа на кралицата Елизабета изгуби сè?
Во книгата Sarah’s Story: The Duchess who Defied the Royal House of Windsor, авторите интервјуираат поранешни вработени на Сара.
Според нив, Сара барала секое парче облека да ѝ биде внимателно испеглано, а овде спаѓале и градници, хулахопки и врвки од патики и чевли.
Ако испраната облека не мирисала како што сака, барала одново да перат сè, не само парчето што го мириснала.
Секоја ноќ барала на нејзината ноќна масичка да бидат ставени две шишиња со топла вода. Притоа, ја терала послугата да ја мери температурата на водата.
Секое утро пиела свеж сок од портокал кој морал да биде исцеден во мигот кога ќе седнела на маста.
„Можеше да познае ако сокот е исцеден порано и тогаш одбиваше да го пие“, открива еден од вработените.
Иако и Сара и Ендру ги изгубија титулите поради поврзаноста со Епстин, тие си продолжиле со раскошниот живот, барем пред да бидат избркани од таму.
Како што откриваат вработените, секоја недела барале да се трошат над 300 долари само за зеленчук, додека во замрзнувачот барале да имаат десетици разни видови сладолед кој не го ни допирале.
Дури и нивното куче живеело раскошно – готвачите морале да прават посебно јадење и за него.
Ендру изгуби огромен дел од финансиската поддршка од кралското семејство, па кога почнале проблеми со пари, тој размислувал како да заштеди.
Главна грижа му биле сметките за струја, но Сара продолжувала да троши. Како што велат поранешните вработени, постојано вклучувала светилки низ огромната куќа, а воопшто не штедела ни на греење, дури и кога немало потреба.
Сара имала огромни патни трошоци и кога одела во странство, се случувало да изнајми сместување кое чини над 10.000 долари од вечер.
Со себе, пак, скоро секогаш носела батлер, две чистачки, стилист, асистент и дадилка.
Вработените раскажуваат за нејзина посета во Франција, кога побарала да биде донесен цел камион од Англија со лежалки за сонце и играчки за децата, без разлика што сите овие работи ги имало во вилата.
Таа побарала и да бидат инсталирани 5 телефонски линии додека престојува таму.
Секој ден Сара нарачувала и скапо вино кое честопати само го отворала и не го пиела.
Но, по скандалот со Епстин, Ендру и Сара мораа да го напуштат нивниот раскошен дом, а извори блиски до неа велат дека е практично бездомничка.
Овде се и финансиските проблеми бидејќи веќе нема кој да ја финансира, како и уништената репутација.
„Суровата реалност е дека Сара нема каде да оди, ниту со кого да оди.
Нејзината иднина е неизвесна. Луѓето не сакаат да бидат поврзувани со неа“.
Прочитајте и: Пред Меган, таа беше „војвотка на скандалите“ во кралското семејство – Што знаеме за Сара Фергусон, сопругата на принцот Ендрју?
Спирова С. | Црнобело
