Богата инфлуенсерка се фали со подароците од сопругот за Валентајн - Но, дали повторно лаже?

Наводно 12 години постариот сопруг на Леонора Сми (30) секој ден од месец февруари, сè до Валентајн ѝ купува подароци, тврди таа. Но, лани таа со лажењето на Инстаграм се најде среде скандал.

bogata-influenserka-se-fali-so-podarocite-od-soprugot-za-valentajn-no-dali-povtorno-lazhe_-01.jpg

Леонора Сми (30), која е родена во САД, но од 6 години живее во Велика Британија, има повеќе од 124.000 следбеници на Инстаграм, а лани се „прослави“ како „најсреќната девојка на светот“, откако нејзиниот постар сопруг ѝ подаруваше екстравагантен подарок ден за ден.

Сега, таа повторно е во центарот на вниманието.

bogata-influenserka-se-fali-so-podarocite-od-soprugot-za-valentajn-no-dali-povtorno-lazhe-04.jpg

Инфлуенсерката фокусирана на богтство и раскош, што дури го носи називот „richfluencer“, вели дека и годинава секој ден од месец февруари, во пресрет на Денот на вљубените, отвора по еден специјален подарок од нејзиниот сопруг Марк Косгроув-Смит (42).

Таа на Инстаграм отвора подароци во сончева атмосфера на луксузен одмор во Јужна Африка, па меѓудругото доби и Диор лента за чанта, вредна околу 210 евра, и сет скапи чинии.

bogata-influenserka-se-fali-so-podarocite-od-soprugot-za-valentajn-no-dali-povtorno-lazhe-02.jpg

„Не можам да верувам дека го направи ова повторно“, напиша инфлуенсерката за сопругот на Инстаграм.

Иако следбениците можеби ѝ завидуваат на романтичните потези на сопругот, не е сè како што изгледа секогаш.

Па, така лани британскиот медиум „Daily Mail“ открил дека видеата не се осмислени од нејзиниот сопруг, туку се маркетинг-кампања креирана од тимот на нејзината консултантска фирма „Luxury by Leonora“.

Концептот бил развиен, снимен и монтиран од нејзиниот тим за социјални мрежи.

bogata-influenserka-se-fali-so-podarocite-od-soprugot-za-valentajn-no-dali-povtorno-lazhe-03.jpg

Сепак, таа продолжува во свој стил:

„Навистина ми изгледа како дежа ву, Марк ме изненадува со подарок секој ден до Валентајн. Се чувствувам како најсреќната девојка на светот...“

Следбениците ѝ коментираа: „Тој е неверојатен кога станува збор за подароци“, и „Можеш ли да му кажеш на твојот сопруг да разговара со мојот?“

bogata-influenserka-se-fali-so-podarocite-od-soprugot-za-valentajn-no-dali-povtorno-lazhe-09.jpg

Леонора порано учествувала на коњички натпревари и токму така се запознала со сопругот Марк.

По сериозна несреќа со јавање, Леонора основала сопствена консултантска фирма и изградила кариера како инфлуенсер, кој промовира луксуз.

Кликнете на видеата каде таа ги отвора подароците за Валентајн:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Вториот сопруг ѝ загина, фати двајца сопрузи во неверство - Бурниот љубовен живот на Каролина од Мон... Првпат се омажи на 21 година со познат плејбој, а родителите се противеа на тој ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Инфлуенсерка го истетовирала цело тело – од гради до стапала и задник, потрошила 32.000 евра „Само долниот дел од стапалата, ушите и лицето ми се без тетоважа, а често добив...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg