22 години од најголемиот Super Bowl скандал – снимката од голата града на Џенет Џексон е причината заради која настана YouTube
- Детали
- понеделник, 16 февруари 2026
Кога во 2004-та на настапот на Super Bowl, Џастин Тимберлејк случајно ѝ ја откри голата града на Џенет Џексон, тоа ѝ ја уништи кариерата – но неможноста да се најде снимка од ова за оние кои го пропуштиле моментот, била причина за некој да „седне“ и да го создаде YouTube.

Се сеќавате ли на моментот кога пред 22 години целиот свет зборуваше за настапот на Џастин Тимберлејк и Џенет Џексон на полувремето на SuperBowl?
Но, не заради нивниот перформанс, туку заради непријатната ситуација која се случи во живо, кога нејзините гради беа во центар на вниманието и скандалот ѝ ја одбележа целата кариера.
На 1-ви февруари 2004 година, за време на настапот, Џастин случајно повлече поголем дел од нејзината облека и излезе градата на Џенет, која беше покриена со лепенка во форма на сонце.

Иако многумина коментираа дека го направиле ова за публицитет, што дефинитивно го добија, сепак двајцата ги негираа гласините и јавно се извинија за случката, велејќи дека било ненамерно и дека Џастин требало да го повлече само горниот дел кој ќе го открие црвениот градник.
Подоцна се појавија и други шпекулации, дека наводно Џастин сам го исценирал инцидентот, за да го засени настапот на поранешната девојка Бритни Спирс, кога се бакна со Мадона на MTV Video Music Awards.

Инцидентот е познат како „nipplegate“, а токму поради оваа случка, подоцна е воведено правилото на 5-секундно доцнење во телевизиските преноси во живо, за да се избегнат вакви скандали.
Но, она што е интересно, е дека иако голем број луѓе го виделе настапот во живо и можеле да си го прераскажуваат, имало и такви кои го пропуштиле и немале како да стигнат до снимка од настанот.

Токму оваа фрустрација била причината заради која денес постои YouTube.
Еден од луѓето кој го пропуштиле скандалот, бил Џод Карим, кој тогаш работел во PayPal.
Фрустриран од тоа што не можел да најде никаде на интернет снимка од моментот, но и од други популарни случувања, заедно со пријателите Стив Чен и Чед Хардли почнале да работат на создавање платформа, каде луѓе без технички познавања, ќе можат да поставуваат видеа.

Иако платформата веднаш доживеа успех и до ден-денес е широко користена, сепак за Џенет Џексон ова беше причина скандалот да не биде заборавен и долго време да биде мета на критики и тоа ѝ остана вечна дамка во кариерата.
Погледнете го видеото од целиот настап на полувремето на Super Bowl 2004 (инцидентот е на 11:20):
https://www.youtube.com/watch?v=vvEDPsMHLmA
М. М. | Црнобело