Сомнителни повреди на вратот, мистериозно видео од затворот: Зошто некои веруваат дека Епстин бил убиен во неговата келија?
Според надлежните, Епстин направил јамка со чаршафи, но докторот вели дека неговите повреди не соодветствуваат на ова.
„Повредите на вратот на Епстин покажуваат дека бил искористен некој друг вид материјал“.
Деновиве почна да се зборува и за видео кои за некои е уште еден доказ дека Епстин сепак бил убиен.
Епстин бил сам во својата ќелија кога го извршил самоубиството, бидејќи неговиот цимер бил преместен неколку денови претходно.
Сепак, во видео од безбедносната камера за миг се гледа како фигура со портокалова боја се движи кон ќелијата на педофилот.
Видеото им било чудно и на агентите од ФБИ – во документите од случајот има извештај за него.
Според извештајот, снимката е од 9-ти август, помеѓу 22 и 23 часот, односно ноќта пред смртта на Епстин.
Според извештајот, во 22:39 часот, се забележува некој со портокалова облека како се движи кон скалите.
Бидејќи облеката на затворениците е со портокалова боја, се претпоставува дека затвореник бил однесен кон ќелијата на Епстин.
Друг извештај за снимката исто така ја спомнува личноста со портокалова боја. Но, истовремено е нагласено дека тој период имало локдаун, односно затворениците биле заклучени во своите келии.
Па, можеби некој носел облека или постелнина по скалите кон ќелијата на Епстин.
Уште еден детаљ привлече внимание околу целиот случај со Епстин – нацрт верзијата на медиумскиот текст со кој се соопштува неговата смрт.
Официјалната изјава за смртта на педофилот била датирана еден ден пред неговото самоубиство.
За BBC, Министерството за правда потврдило дека изјавата била датирана еден ден претходно, но наводно ова било само обична печатна грешка.
„Додека првичните нацрти на соопштението го содржеле претходниот датум, тоа била само печатна грешка која подоцна била исправена со точниот датум пред објавувањето.
Секоја сугестија дека било подготвено соопштение однапред, пред смртта на Џефри Епстин, е неточна“, гласи изјавата.
За потсетување, ноќта пред смртта на Епстин, двајцата чувари не ги провериле затворениците, иако во извештаите навеле дека го средиле тоа.
Истата ноќ е забележана и фигурата со портокалово која се движи кон неговата ќелија.
Тие ги прескокнале и проверките по полноќ и не го проверувале Епстин на секои 30 минути како што биле задолжени.
Три часа од смената тие дури и спиеле.
Епстин е пронајден мртов во неговата ќелија во 6:30 часот наутро.
На 17-ти август беше соопштено дека извршил самоубиство.
Сепак, скоро седум години подоцна, голем дел од јавноста верува дека Епстин убиен за да се заштитат имињата на познатите луѓе кои биле вплеткани со него.
Прочитајте и: Исчезнувањето на Медлин Меккен се поврзува со Епстин: Изјава од сведок во документите, осомничена која личи на Гислејн Максвел
Спирова С. | Црнобело