Mајмунче oд Јапонија стана вирален хит со играчката-орангутан од ИКЕА - сега сите такви играчки се распродадени
- Детали
- недела, 22 февруари 2026

Скандинавскиот бренд за мебел ИКЕА објави дека нивниот плишан орангутан DJUNGELSKOG, наречен „Oranmama“, е распродаден ширум светот, откако стана вирален благодарение на Панч, 7-месечно јапонско макаки мајмунче во јапонската зоолошка градина Ичикава Сити ЗОО.

Откако бил напуштен од својата мајка, Панч нашол утеха прегрнувајќи ја играчката орангутан, која сега ја носи со себе насекаде.
Видеата од бебето мајмунче како ја гушка својата плишана „заменска мајка“ станаа вирални на интернет, што доведе до огромна побарувачка.

ИКЕА донираше дополнителни примероци на зоолошката градина и работи забрзано на обновување на залихите од популарниот производ.

Кој е Панч мајмунчето?
Панч е роден во оваа зоолошка на 26 јули 2025 година. Според информациите од веб-страницата на зоолошката, тој бил напуштен од мајка му веднаш по раѓањето.

Вработените во зоолошката го одгледале и му ја дале плишаната играчка-орангутан за да му помогнат полесно да се справи со осаменоста.



С. С. | Црнобело