Трагичната приказна за близначките Кејтлин и Хедер од САД: „Сестра ми ја најдоа заклучена во кутија и фрлена од карпа“

„Мојата сестра близначка Кејтлин немаше активност на социјалните мрежи повеќе од 8 часа, што не беше вообичаено за неа... Веднаш знаев дека нешто не е во ред“, вели Хедер Лејн од САД за сестра ѝ, која сопругот ја убил во јуни 2025-та. Таа ја нагласува неверојатната поврзаност што ја имаат близнаците меѓусебе.

tragichnata-prikazna-za-bliznachkite-kejtlin-i-heder-od-sad-sestra-mi-ja-najdoa-zakluchena-vo-kutija-i-frlena-od-karpa-01.jpg

Хедер Лејн е девојка од Пенсилванија која доживеала една од најголемите трагедии во животот – ја изгубила својата сестра близначка Keјтлин Лејн Харп.

tragichnata-prikazna-za-bliznachkite-kejtlin-i-heder-od-sad-sestra-mi-ja-najdoa-zakluchena-vo-kutija-i-frlena-od-karpa-05.jpg

Таа за оваа трагедија зборува јавно и сака да нагласи колку е голема поврзаноста меѓу близнаците воопшто.

tragichnata-prikazna-za-bliznachkite-kejtlin-i-heder-od-sad-sestra-mi-ja-najdoa-zakluchena-vo-kutija-i-frlena-od-karpa-02.jpgНастраданата Keјтлин Лејн Харп

Инаку, Кејтлин е убиена на 33-годишна возраст во јуни 2025 година од страна на нејзиниот сопруг Винсент Харп.

Хедер споделува дека кога сестрата близначка Keјтлин не ѝ одговорила на пораката, таа веднаш почувствувала дека нешто не е во ред.

Како и повеќето луѓе, така и Кејтлин постојано била на телефон, па кога Хедер забележала дека сестра ѝ не била онлајн повеќе од осум часа, ја фатило паника.

tragichnata-prikazna-za-bliznachkite-kejtlin-i-heder-od-sad-sestra-mi-ja-najdoa-zakluchena-vo-kutija-i-frlena-od-karpa-03.jpg

Сестрите пораснале како сродни души.

Биле двојајчени близначки и родени со разлика од само една минута и отсекогаш биле неразделни.

Хедер вели дека биле спротивности - Кејтлин била импулсивна и безгрижна, додека таа била поодговорната.

Својата врска ја зацврстиле и со тетоважи што ги одразувале нивните различни карактери. Хедер истетовирала „You Keep Me Wild“, а Кејтлин – „You Keep Me Sane“.

Но, на 20 јуни 2025-та година сè се променило.

Хедер разговарала со сестра ѝ ден претходно, но потоа ја снемало Кејтлин, а последната порака останала непрочитана.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
„Ќерка ми загина неколку дена пред 3-иот роденден, врз неа падна комода од 30kg – родители бидете по... „Се случи многу брзо и многу тивко. Се случи нешто незамисливо. Вината и срамот ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Јадела само овошје, имала само 22kg: Тажната приказна на девојка што почина од неисхранетост на Бали Каролина од Полска целиот живот се борела со нарушувања во исхраната, за пред кр...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени екстремитети и ’рбет во Дубаи: „Пробав да избегам, ... Марија Ковалчук која во март беше пронајдена со скршени екстремитети и ’рбет пок...

Најчитани неделава