Сопрузите имаат дозвола да ги тепаат, не смеат да зборуваат во јавност: Како изгледа животот на жените во Авганистан?

На жените им е забрането да бидат прегледувани од машки лекари. Но, истовремено, на жените им е забрането да студираат, па женски лекари речиси и да нема. Со ова, жените во Авганистан речиси и да немаат пристап до здравствени услуги.

sopruzite-imaat-dozvola-da-gi-tepaat-ne-smeat-da-zboruvaat-vo-javnost-kako-izgleda-zhivotot-na-zhenite-vo-avganistan-01.jpg

Во пресрет ан Осми март, Меѓународниот ден на жената, не треба да ги заборавиме жените кои ги изгубиле своите права.

Жените кои и во 21-ви век се угнетени и третирани како граѓани од втор ред само поради нивниот пол.

Откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан во 2021 година, тамошните жени ги изгубија сите свои права – од право на образование, до движење во јавен простор.

Ако прекршат кое било од правилата, може да се соочат со сурова казна, како тепање, па дури и егзекуција.

sopruzite-imaat-dozvola-da-gi-tepaat-ne-smeat-da-zboruvaat-vo-javnost-kako-izgleda-zhivotot-na-zhenite-vo-avganistan-09.JPG

Низ каква голгота минуваат жените во Авганистан?

Немаат слобода на движење и мора да следат строги правила за облекување

Жените и девојчињата не смеат да се движат во јавен простор без придружба на машки член од нивото семејство.

Генерално, можат да ги напуштат своите домови само во итни случаи, но секогаш со придружба.

Истовремено, мораат да носат бурка која им го покрива целото тело и лицето.

Покрај тоа што не смеат да си го покажат лицето во јавност, жените во Авганистан не смеат ни да зборуваат кога се излезени од дома.

Притоа, не смеат да погледнат во маж кој не им е сопруг или роднина.

sopruzite-imaat-dozvola-da-gi-tepaat-ne-smeat-da-zboruvaat-vo-javnost-kako-izgleda-zhivotot-na-zhenite-vo-avganistan-03.JPG

Не се заштитени од насилство

Жените, но и девојчињата кои се жртви на насилство, вклучително и сексуално, немаат каде да се обратат за помош.

Неодамна The Telegraph сподели и дека сега мажите можат да ги тепаат своите жени, сè додека не им скршат коска или не им предизвикаат отворени рани.

Ова значи дека ако некоја жена е жртва на семејно насилство, нема никаков систем кој ќе ѝ помогне да се оттргне од таа средина и ќе остане заглавена.

Доколку, пак, жената побара помош кај нејзините родители, поточно татко ѝ или други машки роднини и тие ја примат кај себе, тогаш и тие ќе бидат гонети како криминалци.

sopruzite-imaat-dozvola-da-gi-tepaat-ne-smeat-da-zboruvaat-vo-javnost-kako-izgleda-zhivotot-na-zhenite-vo-avganistan-02.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Таа е убава, но фустанот...“ - Ирина Шајк доби критики за стајлингот на US Open, но баланс направи ... „Овој фустан не е соодветен за ваков настан“ е само еден од осудувачките комента...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
„Маж ми 18 години е заглавен во најстрашниот затвор во Дубаи – условите се ужасни, имаше и туберкуло... „Условите се ужасни. Исхраната е лоша и немаат никаква физичка активност. Рајан ...
Најстарата жена во светот има 116 години: Се родила кога владеел пра-прадедото на кралицата Елизабет... Со своите 116 години, Етел од Англија е најстарата жена во светот. Се родила пре...
Девојка родена без голем мозок е медицинско чудо – прослави 20-ти роденден, лекарите ѝ предвидувале ... Алекс Симпсон од САД е родена со ретко нарушување поради кое нема голем мозок, т...
Одбија да ја пеат химната пред натпревар во Австралија: Каква казна ги очекува фудбалерките од Иран ... Минатата недела, неколку жени од иранскиот фудбалски клуб одбија да ја пеат химн...

Најчитани неделава