Сопрузите имаат дозвола да ги тепаат, не смеат да зборуваат во јавност: Како изгледа животот на жените во Авганистан?
Присилни бракови
Уште пред талибанците да ја преземат контролата, присилните бракови беа честа појава во Авганистан.
Со нивното доаѓање на власт, бројот на вакви бракови само се зголемува. Најголема трагедија е што неретко „невестите“ се мали девојчиња.
Голем проблем е и сиромаштијата, па во семејства со многу деца, честопати малите девојчиња се присилувани да се венчаат со возрасни мажи.
Немаат право на образование
Една од првите забрани што ги воведоа талибанците е забраната за девојчињата да се запишат во средно училиште.
Од крајот на 2022-ра, девојчињата воопшто не смеат да се запишат на училиште.
Истовремено, жените кои студирале веќе не можат да полагаат испити, а останатите немаат прво да се запишат на факултет.
Речиси немаат можност да работат
Без никакво образование, за жените станува потешко да најдат работа, а воведени се и многу рестрикции за тоа што може да работат.
Со доаѓањето на талибанците, многу жени останаа без работа, а со ова се продлабочи проблемот со сиромаштијата.
Притоа, на овој начин жените стануваат финансиски зависни од нивните сопрузи, што дополнително им ја отежнува ситуацијата.
Жените кои одат на работа обично се присилени да работат за многу ниска плата.
Немаат пристап до здравство
Пристапот до здравствени услуги е значително отежнат за жените од Авганистан.
Машки лекари не смеат да прегледуваат жени. Но, од друга страна, жените не смеат да студираат медицина, а ова значи дека речиси и да нема женски доктори.
Па, жените во Авганистан се останати без никаква здравствена нега.
И, овде не е проблем само физичко здравје. Животот со толку опресии има сериозни проблеми со менталното здравје.
Жените немаат пристап не само до психијатри, туку ни до поддршка од семејство и пријатели, па во Авганистан има и криза со влошено ментално здравје.
Не смеат да бидат вклучени во политика
Во 2020 година, жените во Авганистан беа активни во политиката и можеа да се кандидираат за претседател.
Денес тие се целосно исклучени од политиката. Како што споделуваат од Обединетите нации, жените не се присутни ни на вести, ни на фотографии, ниту на официјални настани.
И, сето ова им праќа порака на малите девојчиња дека лидерските позиции се само за мажи.
Спирова С. | Црнобело