Се лекувал од импотенција, заработил милијарди со перење пари: Кој е новиот мистериозен лидер на Иран?

Иако не е официјално потврдено, според некои извори, новиот врховен лидер е синот на убиениот Али Хамнеи. Малку се знае за неговиот приватен живот, освен дека во 2000-тите се лекувал од импотенција бидејќи семејството му создавало притисок да добие деца. Се претпоставува и дека неговата сопруга била убиена во нападот од страна на Израел и САД.

se-lekuval-od-impotencija-vo-anglija-zarabotil-milijardi-so-perenje-pari-koj-e-noviot-misteriozen-lider-na-iran-01.jpg

По смртта на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, водството го презеде неговиот син Мојтаба Хамнеи.

Вестите дека Мојтаба е новиот лидер не се официјално потврдени, но веќе неколку денови се шпекулира дека тој бил „фаворит“ за да ја наследи позицијата на татко му.

Меѓу медиумите кои ја споделија веста е и Daily Mail, кој се повикува на иранска телевизија.

Освен за неговата политичка кариера, малку детали се познати за приватниот живот на 56-годишниот Мојтаба.

Но, по веста дека наводно станал новиот врховен лидер на Иран, почнаа да се споделуваат некои детали.

se-lekuval-od-impotencija-vo-anglija-zarabotil-milijardi-so-perenje-pari-koj-e-noviot-misteriozen-lider-na-iran-08.JPG

Што знаеме за него?

Неговата сопруга веројатно е убиена

Сопругата на Мојтаба е Захра Хадад Адел, ќерка на конзервативен и моќен ирански политичар.

Се претпоставува дека се венчале во 2004 година.

Според некои извори, неговата сопруга бил убиена за време на нападите од страна на САД и Израел, но и ова е вест што не е потврдена официјално.

se-lekuval-od-impotencija-vo-anglija-zarabotil-milijardi-so-perenje-pari-koj-e-noviot-misteriozen-lider-na-iran-05.JPG

Одел во клиники за импотенција во Англија

Според документи кои биле споделени на WikiLeaks, по венчавката со Захра, Мојтаба бил под притисок да добие деца.

Наводно имал проблеми со импотенција, па поради ова одел во приватна клиника за плодност во Лондон.

Ја посетил болницата четирипати, пред неговата сопруга да роди дете.

se-lekuval-od-impotencija-vo-anglija-zarabotil-milijardi-so-perenje-pari-koj-e-noviot-misteriozen-lider-na-iran-06.JPG

„Семејството очекуваше од Мојтаба побрзо да добие деца, но тој требаше и четврти пат да ја посети Англија за медицински третман.

По престој од два месеца, неговата сопруга забремени. Во Иран тие добија син и му го дадоа името Али, како таткото на Мојтаба“, стои во еден од документите.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg