Се лекувал од импотенција, заработил милијарди со перење пари: Кој е новиот мистериозен лидер на Иран?

Се верува дека Мојтаба и сопругата добиле три деца, но за нив не е познато апсолутно ништо.

se-lekuval-od-impotencija-vo-anglija-zarabotil-milijardi-so-perenje-pari-koj-e-noviot-misteriozen-lider-na-iran-07.JPG

Го подготвувале да стане лидер, но некои го сметале за слаб

Повторно според документи објавени на WikiLeaks, Мојтаба одамна се подготвувал да ја преземе позицијата на татко му.

Али Хамнеи има шест деца и иако Мојтаба не е најстариот син, сепак се подготвувал некогаш да стане лидер на Иран.

„Во канцеларијата на врховниот лидер, Мојтаба работи во сенката на татко му. Има патувано со него низ Иран и има големо влијание врз тоа кој може да зборува со неговиот татко…

Во режимот го гледаа како способен и страшен лидер и менаџер, кој некој ден можеби ќе има барем дел од водењето на државата“.

se-lekuval-od-impotencija-vo-anglija-zarabotil-milijardi-so-perenje-pari-koj-e-noviot-misteriozen-lider-na-iran-04.JPG

Сепак, некои сметале дека Мојтаба не бил личност која би можела да стана ајатолах – највисоката титула кај шиитските муслимани, што ја имаше неговиот татко.

„Од него не се очекува да го достигне статусот ајатолах. Мојтаба наводно е свесен за неговите ограничувања и самиот не очекува да стане врховен лидер“, стои во документите.

Сепак, се чини дека сега веројатно станал врховен лидер.

se-lekuval-od-impotencija-vo-anglija-zarabotil-milijardi-so-perenje-pari-koj-e-noviot-misteriozen-lider-na-iran-03.JPG

Важи за една од најбогатите личности во Иран

Не е познато колкаво богатство има Мојтаба и иако во 2019-та бил санкциониран од САД, сепак успеал да изгради глобална империја.

Се смета дека моментално е еден од најбогатите луѓе во Иран, а некои претпоставуваат дека можеби е и милијардер.

Имал складирано огромни суми во банки во Емиратите, Сирија, Венецуела и Африка, а имал и злато и дијаманти во вредност од 300 милиони долари.

Според некои извори, имал сметка и во неколку швајцарски банки.

Наводно, на почетокот од годината пренел и над 300 милиони долари во Дубаи, во форма на криптовалути.

se-lekuval-od-impotencija-vo-anglija-zarabotil-milijardi-so-perenje-pari-koj-e-noviot-misteriozen-lider-na-iran-02.JPG

Се верува дека најголем дел од неговото богатство е од данокот за нафтата што ја купувале Кина и Индија.

Но, овде се и неговите многу инвестиции на луксузни дестинации.

Се шпекулира дека има приватен авион, хеликоптер за итни случаи, бројни автомобили од марката Mercedes како и коњи.

Се верува и дека има развиено глобална шема за перење пари која се проценува на неколку милијарди.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg