„Не ја присилував да се дрогира“ - Поранешниот маж на Ејми Вајнхаус прозборе за нејзината зависност и смртта
Тој истакнал дека пејачката секогаш била „многу силна жена“ и покрај своите несигурности и испади.
„Ејми сама донесуваше одлуки. И тоа не беше непочитување кон неа, едноставно, Ејми секогаш го правеше тоа што го сака.
Иако пијалакот почна да ја уништува, таа продолжи да пие“.

Блејк вели дека не ја прифаќа целосната одговорност за смртта на пејачката, но признава дека се помирил со фактот дека и тој „играл улога“ во нејзината смрт, која настанала поради случајно труење со алкохол.
Извештајот од обдукцијата вели дека во нејзиното тело не се пронајдени никакви нелегални супстанции во времето на смртта.
„Не бегам од одговорност, но идејата дека јас ѝ го овозможив тоа секој ден - не е точна. Не бев дилер.“

Блејк бил во затвор во времето на нејзината смрт.
Но, тој вели дека и денес се чувствува поврзан со пејачката.
„Никогаш нема да кажам дека Ејми беше лоша. Но, знам дека Ејми не би сакала да седам тука 20 години подоцна и да кажувам дека сè е моја вина.
Таа би рекла: „Собери се, душо. Ајде. Кажи им ја вистината“, рекол тој.

Во интервјуто, кое трае над два часа, тој рекол:
„Бевме само млади зависници. Не почнавме така, но станавме такви, а тоа може да му се случи на секого.
Нашата љубов немаше никаква врска со зависноста, а ни зависноста немаше никаква врска со нашата љубов. Но, тука сè тргна наопаку. Тоа не бевме ние.“
Погледнете го целиот подкаст:
А. Ј. | Црнобело