„Не ја присилував да се дрогира“ - Поранешниот маж на Ејми Вајнхаус прозборе за нејзината зависност и смртта
- Детали
- среда, 18 март 2026
„Не бегам од одговорност, но идејата дека јас ѝ го овозможив тоа секој ден - не е точна. Не бев дилер,“ вели поранешниот сопруг на Ејми Вајнхаус, кој бил во затвор во времето на нејзината смрт, но и понатаму го обвинуваат дека е виновник за тоа.

Блејк Филдер-Цивил од 2007 до 2009 беше во брак со Ејми Вајнхаус, пејачката која во тоа време беше омилената музичка ѕвезда во светот.
Но, според многумина, тој е единствениот виновник за нејзината ненадејна смрт на 27 години, во 2011-та, кога беше пронајдена мртва.

Скоро 15 години по трагичната смрт на Вајнхаус, нејзиниот поранешен маж реши во интервју да ја раскаже својата страна од приказната - за нивната љубов, разводот, притисокот од славата, но и борбата со наркотици.
Во своето прво интервју по многу долго време, тој признава дека сноси дел од одговорноста, но ги отфрли тврдењата дека е единствената причина за нејзините проблеми со зависноста.

„Знам дека многу луѓе, особено оние кои ги читаат медиумите од пред 20 години, сметаат дека јас сум одговорен за смртта на Ејми“, вели Блејк во подкастот „We need to talk“.
Иако потврди дека бил со Ејми кога таа првпат зела хероин, тој вели дека пејачката „почнала да користи кокаин“ уште пред да се запознаат, додека била со мажот кој ѝ бил партнер пред него.

„Никогаш не ја обвинував личноста што прва ми ја даде дрога за тоа што почнав да користам наркотици.
Никогаш не разбрав, дали овие луѓе мислат дека ја принудив Ејми да зема дрога? Не ја принудував“.
