Трагедија на аеродром во Њујорк: Авион се судри со возило, има и загинати (фото+видео)
- Детали
- понеделник, 23 март 2026
Авион и возило се судрија на писта на аеродром во Њујорк. Предниот дел на авионот е целосно уништен, па засега се верува дека пилотот и копилотот се меѓу настраданите. Додека трае истрагата, на Твитер се споделуваат морничави фотографии и видеа од местото на несреќата.

На аеродромот LaGuardia во Њујорк се судрија патнички авион и возило, а во трагедијата има и жртви.
Според неколку американски медиуми, настрадале пилотот и копилотот, иако истакнуваат дека уште се очекува официјална потврда за идентитетите на жртвите.
Истовремено, дури 13 лица се хоспитализирани, од кои 11 патници и две лица кои отишле да укажат помош.
Летовите од аеродромот се откажани, додека оние кои треба да слетаат се пренасочени додека трае истрагата за несреќата.
Авионот кој удрил во возилото е на авиокомпанијата Air Canada и патувал од Монтреал до Њујорк, но засега не е познато како дошло до судирот.
Според некои извори, возачот на возилото побарал дозвола да ја помине пистата и добил. Но, набрзо потоа контролорите почнале да го предупредуваат да запре, по што се случил судирот.
Непознато е зошто возилото добило дозвола да се движи по пистата во миг кога овде бил и авионот, но и зошто возачот не запрел.
Додека трае истрагата, на Твитер се споделуваат морничави фотки и видеа од местото на несреќата.
Предниот дел на авионот е целосно оштетен и јасно е зошто се претпоставува дека пилотот и копилотот се жртвите.
Дел од застрашувачките објави во продолжение:
Спирова С. | Црнобело