Отишла гола кај љубовникот, не сакал да ја остави сопругата за неа - Детали за најстрасната афера на принцезата Дијана
- Детали
- недела, 03 мај 2026
Кога еднаш сакал оди да ја види својата ќерка бидејќи имала треска, Дијана не му дозволила да замине - таа избегала од автомобилот во кој се возеле, па тој ја барал 3 часа пред да ја најде како плаче легната близу палатата. Кој е најдискретниот љубовник на принцезата на срцата?

Принцезата Дијана не била воопшто среќна за време на 15-те години брак со денешниот крал на Обединетото Кралство, Чарлс III.
Иако пред свадбата со тогашниот принц верувала во љубов, Дијана набрзо сфатила дека е избрана само за да роди наследници на тронот.
Чарлс уште тогаш бил во паралелна и полујавна врска со Камила, неговата сегашна сопруга, принцезата Дијана нашла утеха во прегратките на неколку мажи.

Еден од нејзините љубовници бил Оливер Хоар, познат трговец со уметнички дела, со кого принцезата се гледала во текот на ’90-тите години, пред формално да се разведе од Чарлс.
„Ми се довери дека тој бил првиот маж што физички ја возбудил“, откри подоцна поранешниот телохранител на Дијана, Кен Ворф, велејќи дека таа била „тотално заљубена во Хоар“.

За нивната афера не се знаеја многу детали, освен тоа дека Оливер често ја посетувал лејди Ди во Кенсингтонската палата.
Во тој момент, Хоар, кој бил 16 години постар од принцезата Дијана, бил во брак со Дајана де Валднер де Фројндштајн, наследничка на француска нафтена компанија.
Тие имале три деца и јавно важеле за хармоничен пар, но скоро никој не знаел дека тој имал бурна врска со една од најпосакуваните жени во тоа време.

Во една пригода, кога сопругата на Оливер не била во Лондон, тој ѝ рекол на Дијана дека мора да си оди дома затоа што неговата ќерка имала треска.
Но, лејди Елса Боукер, блиска пријателка на Дијана во тие денови, за таа случка раскажала на својот биограф:
„Дијана се сомневаше дека тој всушност сака да оди кај сопругата и ништо што тој ѝ кажуваше не можеше да ја убеди во спротивното. Беше многу сомничава и недоверлива.
Биле во автомобилот на Оливер и во еден момент таа била толку потресена што ја отворила вратата обидувајќи се да скокне.
Малку подоцна, кога се нашле среде сообраќаен метеж на плоштадот Слоун, Дијана одеднаш излегла од автомобилот, ги оставила чантата, парите, сè, а Оливер бил толку вознемирен што дури и не отишол кај ќерка си.
Тој возел три часа низ Лондон и конечно ја нашол Дијана во паркот во близина на палатата Кенсингтон, како лежи и плаче.

