Отишла гола кај љубовникот, не сакал да ја остави сопругата за неа - Детали за најстрасната афера на принцезата Дијана
Иако врската на Оливер и принцезата била емотивна, истовремено била и многу сексуална, тврди лејди Елса.
Таа кажала дека Дијана била толку смела, дури и дрска, што се појавила во семејниот дом на Хоар носејќи само крзнено палто, скап накит и тијара.
„Таа ми кажа дека отишла кај него кога сопругата и децата не биле таму. Кога влегла внатре, таа застанала пред каминот, а тој ја прашал дали ѝ е топло во крзненото палто.
По ова Дијана се соблекла, била гола и на себе имала само многу накит. И Дијана и Оливер ми го кажаа тоа“, рекла лејди Елса.

Од сите љубовници на принцезата Дијана, Оливер веројатно бил и најдискретниот.
Тој никогаш не признал дека е во врска со Лејди Ди, но јавна тајна била дека се гледаат.
Принцезата била лудо заљубена во бизнисменот и еднаш дури и го „прошверцувала“ во Кенсингтонската палата, скриен во багажникот на автомобилот.
Обезбедувањето на палатата, пак, во една пригода го нашло полугол како се крие зад дрво, во обид да се искраде од имотот, откако се вклучил противпожарен аларм среде ноќ.

Сепак, Хоар не сакал да ја остави сопругата.
Тој се обидел да ја „олади“ својата врска со Дајана во 1994 година, по што таа го „бомбардирала“ со преку 300 вознемирувачки повици.
На инсистирање на неговата сопруга, Оливер повикал полиција, а некои од 300-те повици што ги добил воделе директно до Кенсингтон палатата, додека други биле од телефонските говорници во близина на палатата.

Подоцна полицијата објавила дека „истрагата е затворена на барање на г-дин Хоар“.
Лејди Елса, подоцна открила и дека Дајана ѝ признала дека фантазирала за живот во Италија со Оливер.
Хоар почина од рак во 2018 година, неколку дена пред годишнината од смртта на Дајана.

А. Ј. | Црнобело
