„Ова е бизарно“ - Инфлуенсерка објави фотографии како позира со ковчегот на починатата ќерка и стана мета на осуда

„Кога го видов ова видео заедно со стотици други прекрасни снимки, навистина ми значеше што тие моменти се зачувани и што секогаш ќе можам да им се навраќам.

И да, одлучив да ги споделам. Но не, во тој момент не размислував за публика во иднина. Само што требаше да се оддалечам од моето дете за последен пат во животот.

Едвај дишев. Нозете ми се тресеа. Телото ми беше толку стегнато што мислев дека ребрата ќе ми ги згмечат органите. Вашиот начин на размислување во сето ова е навистина тажен...“

На 15-ти март таа објави цела фотосесија со едната ќерка покрај ковчегот на другата, почината ќерка.

ova-e-bizarno-influenserka-objavi-fotografii-kako-pozira-so-kovchegot-na-pochinatata-kjerka-i-stana-meta-na-osuda-09.jpg

Во описот на бизарните фотографии напиша:

„Мојот последен Ден на мајката со двете мои девојчиња заедно тука на земјата. Ќе го чувам овој ден засекогаш. Да можам да ги имам двете во моите раце.

Го сакав секој момент од времето кога бев толку благословена да создавам спомени со моите мили девојчиња.

Тоа што го доживеавме за 16 години, некои луѓе не го доживуваат ни за цел живот. Му благодарам на Бог за сите неверојатни можности што ги имавме. Сите моменти се претворија во прекрасни спомени.

Му благодарам на Бог за силата што јас и Прешес ја имаме во овој период од нашите животи и што со својата љубов ја прегрна мојата мила ќерка Принцес-Блис. И што ја чува безбедна, далеку од овој суров и злобен свет, во мир со ангелите. Засекогаш слатки 16.

Летај високо, наше слатко ангелче, и те молам никогаш не престанувај да ни испраќаш знаци за да знаеме дека си тука со нас. Многу си сакана и ни недостасуваш... боли“.

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Ќерка ми загина неколку дена пред 3-иот роденден, врз неа падна комода од 30kg – родители бидете по... „Се случи многу брзо и многу тивко. Се случи нешто незамисливо. Вината и срамот ...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
Инфлуенсерка го истетовирала цело тело – од гради до стапала и задник, потрошила 32.000 евра „Само долниот дел од стапалата, ушите и лицето ми се без тетоважа, а често добив...
Ќерка (13) на милијардер се шета со аутфит што чини повеќе од луксузен автомобил - само чантата ѝ е ... 13-годишната ќерка на милијардерот Адам Абрахам е доказ дека некогаш некои ...

Најчитани неделава