„Ова е бизарно“ - Инфлуенсерка објави фотографии како позира со ковчегот на починатата ќерка и стана мета на осуда
„Кога го видов ова видео заедно со стотици други прекрасни снимки, навистина ми значеше што тие моменти се зачувани и што секогаш ќе можам да им се навраќам.
И да, одлучив да ги споделам. Но не, во тој момент не размислував за публика во иднина. Само што требаше да се оддалечам од моето дете за последен пат во животот.
Едвај дишев. Нозете ми се тресеа. Телото ми беше толку стегнато што мислев дека ребрата ќе ми ги згмечат органите. Вашиот начин на размислување во сето ова е навистина тажен...“
На 15-ти март таа објави цела фотосесија со едната ќерка покрај ковчегот на другата, почината ќерка.

Во описот на бизарните фотографии напиша:
„Мојот последен Ден на мајката со двете мои девојчиња заедно тука на земјата. Ќе го чувам овој ден засекогаш. Да можам да ги имам двете во моите раце.
Го сакав секој момент од времето кога бев толку благословена да создавам спомени со моите мили девојчиња.
Тоа што го доживеавме за 16 години, некои луѓе не го доживуваат ни за цел живот. Му благодарам на Бог за сите неверојатни можности што ги имавме. Сите моменти се претворија во прекрасни спомени.
Му благодарам на Бог за силата што јас и Прешес ја имаме во овој период од нашите животи и што со својата љубов ја прегрна мојата мила ќерка Принцес-Блис. И што ја чува безбедна, далеку од овој суров и злобен свет, во мир со ангелите. Засекогаш слатки 16.
Летај високо, наше слатко ангелче, и те молам никогаш не престанувај да ни испраќаш знаци за да знаеме дека си тука со нас. Многу си сакана и ни недостасуваш... боли“.
С. С. | Црнобело