Пробал да си ја убие сопругата на нејзиниот роденден поради афера: Детали за случајот што ја разбранува јавноста
Тогаш анестезиологот ја удрил со камен на главата, ѝ го удрил лицето од земјата и пробал да ѝ инјектира нешто.
„Не знам што имаше во шприцот, но Герхард е анестезиолог и има пристап до неколку смртоносни лекови како дел од неговата работа“, сподели Ариел.
Таа се борела и успеала да избега, а веднаш потоа налетала на двајца планинари кои повикале полиција. Во меѓувреме, Герхард успеал да избега.
Ариел веднаш побара забрана за приближување, а тогаш откри и дека сопругот ја обвинувал дека имала афера:
„Оттогаш пробуваше да ја контролира и набљудува мојата комуникација со сите“.
Истовремено, тие оделе на брачен советник, и двајцата посебно оделе на терапија, а Ариел тврдеше дека ја нападнал и неколку месеци пред да проба да ја убие.
Една година подоцна, на 27 март 2026-та, Ариел сведочеше во судењето против нејзиниот сопруг.
Таа сподели и други вознемирувачки детали, како мигот кога сопругот ѝ рекол: „Престани да викаш, овде никој нема да те слушне“.
Додека траела борбата, Ариел пробувала да го вразуми и му кажувала дека ќе заврши во затвор, но тој само ѝ рекол:
„Веќе не си ни потребна. За тебе е крај“.
Ариел исто така сподели дека нападот се случил на нејзиниот роденден. Таа призна дека имала флертувачки пораки со колега кој нејзиниот сопруг ги нашол.
Но, со сопругот работеле на тоа да го спасат бракот, па роденденското планинарење била активност што требало да ги зближи.
Планинарите што ги сретнала Ариел ѝ ја преврзале главата бидејќи имала многу повреди.
Во судница беше пуштено и видео од полициската камера на полицаецот кој одговорил на повикот.
На видеото се гледа дека лицето на Ариел е крваво и потечено, додека главата ѝ е преврзана со газа.
До самиот крај на судењето, анестезиологот негираше вина.
И тој сведочеше, а неговиот исказ беше драстично поразличен од оној на Ариел.
Герхард тврдеше дека воопшто немал намера да ја повреди неговата сопруга, како и дека делувал во самоодбрана.
Според него, Ариел пробувал да го турне, откако се скарале за нејзината афера, а потоа го удрила со камен.
Герхард призна дека ја удрил Ариел, но негираше дека имал шприц или дека сакал да ја турне од карпата.
Истакна и дека сакал да се убие по инцидентот:
„Се чувствував безнадежно во врска со сè. Бев преплашен од она што ѝ го направив, од тоа што бев насилен кон мојата сопруга, личноста којашто ја сакам најмногу на свет“.
Сведочеше и синот на Герхард од претходна врска кој потврди дека татко му му признал дека пробал да ја убие Ариел.
Поради ова и многуте докази, вклучувајќи ги и сериозните повреди на Ариел, Герхард беше прогласен за виновен.
Допрва терб да му биде изречена затворската казна.
Спирова С. | Црнобело