Пробал да си ја убие сопругата на нејзиниот роденден поради афера: Детали за случајот што ја разбранува јавноста
- Детали
- четврток, 09 април 2026
Минатата година, анестезиолог пробал да ја убие неговата сопруга додека биле на планинарење на Хаваи. Иако негираше вина и тврдеше дека делувал во самоодбрана, сега беше прогласен за виновен и допрва треба да му биде изречена затворска казна.

Во март минатата година, реномиран анестезиолог од Хаваи пробал да ја убие неговата сопруга.
На 24-ти март 2025-та, додека планинареле, тој пробал да ја турне од карпа, откако физички ја нападнал.
Насилникот Герхард Кониг, кој бил познат анестезиолог, сега беше прогласен за виновен за обид за убиство.
Што знаеме за случајот што го потресе светот?
Герхард Кониг и неговата сопруга Ариел биле во брак од 2018 година, а и двајцата биле истакнати во нивните кариери.
Како што спомнавме, 46-годишниот Герхард работел како анестезиолог, додека 36-годишната Ариел била нуклеарен инженер.
Минатиот март тие планинареле по позната рута на Хаваи, кога Герхард неколкупати ѝ удрил бокс на сопругата, ја нападнал и со камен и пробал да ја турне од карпа.
Прелиминарната истрага покажа дека најверојатно нападот бил однапред испланиран бидејќи анестезиолог пробал да ѝ инјектира некаква супстанца на сопругата.
Ариел успеала да побегне од него, но сепак имала сериозни повреди на главата и лицето и откако била пренесена во болница, била во критична состојба.
Герхард успеал да побегне, а кратко по инцидентот, полицискиот оддел од Хонолулу го прогласи за осомничен и сподели информации за него за полесно да го лоцираат.
„Кониг има 46 години, има кафеава коса и зелени очи. Носи светлосива маица и сини шорцови и со себе има црна торба“, гласеше соопштението на полицијата.
Потрагата не траеше долго и Герхард беше лоциран и уапсен. Полицијата веднаш ги сподели вестите за апсењето, а во меѓувреме, болницата во којашто работел сподели дека го отпушта од работа и дека ќе почнат да работат на случајот.
Герхард и сопругата Ариел имале навистина удобен живот – живееле во раскошна куќа од 1,5 милиони долари на хавајскиот остров Мауи.
И двајцата биле успешни, со навидум среќен брак, па обидот за убиство претставувал вистинска мистерија дури и за нивните блиски.
Околу една недела по инцидентот, некои медиуми споделија дека Герхард наводно му се јавил на својот син, од претходна врска, и го признал злоделото.
Наводно, на синот му кажал и дека планирал да изврши самоубиство скокајќи од карпата.
Во својот исказ за полицијата, сопругата Ариел откри дека Герхард прво ѝ рекол да ја фотографира на планинарската патека. Но, таа одбила бидејќи ѝ рекол да застане преблиску до работ на карпа.
Тогаш тој се разгневил, ѝ се развикал, и Ариел брзо сфатила дека животот ѝ е во опасност.
„Ми стана јасно дека сериозно размислува да ме турне од карпата“.