Меланија Трамп ги засени сите на раскошната вечера со кралот и кралицата во Белата куќа – ја споредуваат со Џеки Кенеди (фото)
44-годишната Иванка носеше елегантен светлосин фустан со наметка и суптилни златни везови.
Како што спомнавме, свечената вечер беше во чест на силната врска помеѓу САД и Англија, и тоа во пресрет на 250-тата годишнина од независност на Америка.
Претседателот Трамп и Чарлс одржаа говори, па дури и кажаа по некоја шега – кралот се пошегува дека вечерата во Белата куќа била прекрасна и била „значително подобрување од Бостонската чајанка“.
Првата дама била задолжена за организацијата и подготовката на менито, а како што споделува BBC, гостите уживале во неколку оброци како равиоли и француски специјалитет со риба.
Декорациите во Белата куќа биле инспирирани од англиските градини – во салата каде што се одржа вечерта имаше дрвја и зумбули, а масите беа украсени со свежи букети.
Вечерата беше послужена во раскошен сервис, а менијата за гостите биле напишани рачно.
Покрај почесните гости – кралот и кралицата – на настанот беа поканети повеќе од 100 луѓе.
Присутни беа најблиските соработници на Трамп, неколку милијардери и дел од моќните сојузници на претседателот.
Беа поканети и некои истакнати ТВ водители кои се блиски до Трамп.