Дечко ја запроси саканата во гардероба во ZARA и стана мета на шеги: „И прстенот ли го купи таму?“ (видео)
- Детали
- среда, 06 мај 2026
„Од сите места на светот, ти си ја одбрал ZARA“, „И јас би плачела“ – ова се само дел од шегите и критиките насочени кон дечко кој се пофали дека ја запросил саканата во гардероба во ZARA.

Некои сонуваат за раскошно запросување на романтична дестинација како Париз, а други сакаат овој момент да биде поинтимен и не им е многу важно каде ќе се случи.
Но, според реакциите на вирално ТикТок видео, веројатно никоја девојка не сонува да биде запросена во продавница на ZARA, и тоа во гардеробата.
Пред една недела, ТикТок корисник потпишан како Даниил сподели видео од запросувањето што ѝ го приредил на неговата сакана.
Тие се во гардероба во ZARA, а Даниил носи кошула и панталони со етикета кој веројатно ги пробувал.
Кога клекнува на колено, неговата девојка изгледа навистина среќно, а на крај од објавата има и неколку фотки од парот на кои се гледа свршеничкиот прстен.
Иако и двајцата изгледаат среќно, во коментари дечкото се соочи со критики и шеги бидејќи за посебниот момент избрал продавница за облека.
„Дали и прстенот е од ZARA?“
„Од сите места на светот, ти си ја одбрал ZARA…“
„Подобро да се имате запознато во ZARA бидејќи не гледам друга причина зошто би ја запросил таму“.
„Па дури и ги оставил етикетите од облеката“.
„Можеби сакал да биде дотеран со нова облека без да троши пари“.
„Запросување во ZARA, а развод во Primark“.
„И јас би плачела“.
„Дали ZARA ќе ви ја спонзорира свадбата?“
„Редиците пред гардеробите во ZARA и онака се долги…“
Но, некои ги осудуваат луѓето кои пишуваат лоши коментари:
„Се жалиме дека социјалните мрежи се полни со лажни запросувања и слично. Но, кога ќе видите едноставно запросување, веднаш осудувате. Ги мразам коментарите на ТикТок“.
„Сите се жалат, но вистината е дека таа е среќна и тоа е најважно“.
Погледнете го видеото:
https://www.tiktok.com/@daniilvorozhbyt/video/7634008277134724359
Спирова С. | Црнобело