„Трошам 200.000$ дневно на себе“ - Домаќинка од Дубаи се фали со парите од сопругот
Нејзините трошоци вклучуваат ресторани, хотели, луксузен шопинг и забава, па често сметките се и неколку стотина илјади долари.
„Сум заслужила. Што ако трошам по 200.000 долари дневно?“, вели таа.

Но и сопругот ја разгалува, па постојано ѝ купува скапи подароци, од накит до автомобили и јахти.
Линда не крие дека го сака гламурот и дека сега кога има многу пари, сака да остави впечаток.

Нејзината гардероба е од познати брендови, накитот скап и уникатен.
Таа минатата година откри и дека потрошила 30.000 долари за првиот роденден на ќерката.

„Потрошив 12.000 долари на злато затоа што таа е Арапка, 6.000 долари за нова мини чантичка за неа...“, рекла тогаш Линда и веднаш стана мета на критики дека претерува.

А. Ј. | Црнобело