Најубавата учесничка на Евровизија заради болест учела одново да зборува и пее – Австралијката крие пекол зад ангелскиот лик
- Детали
- петок, 15 мај 2026
Ја сметаат за најубава учесничка на Евровизија, а многумина прогнозираат дека токму таа ќе ја однесе победата дома - зад гламурот, австралиската претставничка крие тешка животна приказна. Се изборила со рак, заради операција ѝ бил парализиран нерв и не можела да зборува и пее, но успеала да се врати посилна.

Австралиската претставничка на Евровизија 2026 е прекрасната Делта Гудрем, која освојува со својата убавина, харизма, но и моќен глас.
Многумина ја сметаат за најубавата учесничка на овогодишната Евровизија, а на вчерашниот настап блескаше и ги маѓепса сите со ангелскиот изглед и со вокалните способности.
За настапот таа носеше блескава креација од тул, украсена со околу 7.000 Swarovski кристали, за чија изведба биле потребни повеќе од 500 часа поминати во рачна изработка.
Освен што го доби епитетот најубава претставничка, се прогнозира дека дури може токму таа да ја однесе победата дома.
Но, зад гламурот, таа крие тешка животна приказна – што знаеме за Делта Гудрем?
Има 41 година и на домашната публика ѝ е добро позната по својата дведецениска кариера во музика, телевизија и театар.
Има издадено неколку албуми, повеќе од 40 синглови, глумеше во серијата „Neighbours“ и има добиено улоги во разни филмови.

Во екот на кариерата, во 2003-та добила дијагноза Хоџкинов лимфом, а заради лечењето морала да се повлече од јавноста.
Има признаено дека најтежок дел од борбата со ракот ѝ бил паѓањето на косата и што се чувствувала како да изгубила дел од себе.

По хемотерапијата и радиотерапијата, таа успеала целосно да се излечи и да се врати уште посилна.
