Татко ѝ тврди дека ја убиле сопругот и свекрвата за миразот, тие негираат: Детали за смртта на позната индиска актерка
- Детали
- среда, 27 мај 2026
Индиската актерка Твиша Шарма била пронајдена мртва во домот што го делела со сопругот, само пет месеци по венчавката. Додека тој тврди дека извршила самоубиство, нејзиното семејство е сигурно била убиена од свекрвата и сопругот, а една од причините е и нејзиниот мираз.

Фемицидот е сериозен проблем во Индија, па смртта на позната индиска актерка предизвика лавина реакции во јавноста.
Твиша Шарма, која работела како актерка и модел, починала на 12-ти мај, само пет месеци по нејзината свадба со сопругот адвокат.
Од една страна, семејството на адвокатот тврди дека извршила самоубиство, но семејството на Твиша е уверено дека таа била убиена.
33-годишната актерка била пронајдена мртва во домот што го делела со сопругот, а нејзиното семејство тврди дека таа била малтретирана и од него, и од свекрвата.
Една од причините за конфликтот бил миразот, односно парите и имотот што тие очекувале таа да ги земе од нејзиното семејство.
Адвокатот и неговата мајка тврдат дека Твиша имала сериозни проблеми со менталното здравје и затоа извршила самоубиство.
Што знаеме за целиот случај?
Твиша Шарма и нејзиниот сопруг Самарт Синг се запознале на апликација за состанување и набрзо потоа решиле да се венчаат.
Самарт е адвокат во Индија, додека неговата мајка, Гирибала, е поранешна судијка.
Твиша, пак, покрај тоа што работела како актерка, победила на натпревар за убавина, била факултетски образована и потекнува од богато семејство.
Уште од најрана возраст била амбициозна, а нејзините родители велат дека не веруваат дека самата посегнала по својот живот.
Но, истакнуваат дека забележале проблеми меѓу неа и сопругот.
„На почетокот не мислевме дека проблемите се големи. Мислевме дека е проблем со комуникацијата што ќе го решат со текот на времето“, открива мајката на Твиша за NDTV.
Само неколку денови по свадбата, односот меѓу Твиша и сопругот како да почнал да се влошува.