Филмско апсење во Будимпешта: Маж украл картичка на Џони Деп и потрошил 700.000 долари, актерот не ни забележал
Актерот, чие богатство се проценува на повеќе од 150 милиони долари, веројатно не ја забележал кражбата бидејќи мажот правел помали трансакции, но кои со текот на времето се акумулирале.
Во изнајмениот стан каде што престојувал крадецот полицијата нашла електронски уреди кои веројатно ги користел за трансакциите, но и супстанци за кои се претпоставува дека се дрога.
Поради ова, била започната уште една истрага, овој пат за поседување дрога.
Според последните информации уапсениот маж негирал вина, но сепак бил однесе во притвор.
Засега не е познато како тој дошол до податоците од кредитната картичка на Џони Деп.
Случајот привлече многу внимание бидејќи изминативе неколку години, Џони Деп многупати ја посетуваше Унгарија, особено Будимпешта.
Но, не се знае дали крадецот допрел до неговите податоци преку интернет или некако успеал да ја види картичката во живо.
Видеото од апсењето можете да го погледнете ТУКА.
Спирова С. | Црнобело