Филмско апсење во Будимпешта: Маж украл картичка на Џони Деп и потрошил 700.000 долари, актерот не ни забележал
- Детали
- четврток, 28 мај 2026
Маж од Унгарија речиси две години правел трансакции со податоците од кредитната картичка на Џони Деп и потрошил 700.000 долари. Го фатиле на почетокот од мај, додека Џони Деп не ни забележал дека му недостасуваат толку многу пари.

Британскиот медиум The Sun сподели драматично видео од апсењето на маж кој ги украл податоците од кредитна картичка на актерот Џони Деп.
На видеото, снимено со полициска камера, се гледа како група полицајци, кои се силно вооружени, апсат 27-годишен маж во станбена зграда во Будимпешта, Унгарија.
Како што пренесува The Sun, мажот потекнувал од Јордан, а целата операција била извршена на шести мај.
Според изјавата на надежните, истрагата почнала уште пред неколку месеци, кога американска банка забележала сомнителни трансакции од картичка на нивен клиент.
Трансакциите биле правени од Унгарија, па банката го известила тамошниот оддел на ФБИ.
Детективите утврдиле дека клиентот е всушност познатиот актер Џони Деп и дека неговите податоци биле украдени пред речиси две години.
Од јануари 2024 до декември 2025 биле направени стотици трансакции во износ поголем од половина милион долари.
„Банкарските документи открија дека кражбите се случувале помеѓу јануари 2024 и декември 2025 со податоци од кредитната картичка на клиентот.
За време на истрагата беше откриено дека крадецот направил вкупно 308 трансакции во износ од 721.415 долари. Покрај тоа, откривме од која IP адреса купувал и која имејл адреса ја користел за кражбите.
Овие податоци нè однесоа до унгарските интернет провајдери. Исто така, детективите ги поврзаа кражбите со унгарски телефонски број, откако бил даден како контакт за изнајмен стан во Будимпешта“, сподели портпаролка на ФБИ за унгарскиот медиум Blikk.
Најбизарно е што самиот Џони Деп не ни забележал дека му недостасуваат толку многу пари.