Сведоштва за експлозијата во фабрика за пиротехника на Малта: „Мислев дека ќе ми се сруши куќата“ (видео)
- Детали
- понеделник, 01 јуни 2026
„Првата експлозија звучеше како големите огномети на крајот на некоја голема прослава. Со сопругот се прашувавме зошто некој пука огномети наутро. Кога го отворивме прозорецот за да видиме што се случува, имаше втора експлозија“, раскажува жена која живеела во близина на фабриката за пиротехника на Малта во која утрово имаше експлозија.

Утрово во областа Салина на Малта се случила експлозија во фабрика за пиротехника.
Експлозијата се случила околу 6:30 часот наутро, а црниот чад бил видлив од многу делови на островот.
Според Times of Malta, експлозијата ја почувствувале и луѓе кои живеат многу подалеку од областа, а истрагата за причината уште е во тек.
За медиумот се огласил локалец кој живеел во истата област, а кој работел во локален театар.
Тој открива дека од експлозијата, влезната врата на театарот била откорната, а додава и дека имало неколку последователни експлозии.
„Звукот беше како на ѕидот некој да удрил со чекан голем колку камион. Чадот се издигнуваше можеби триста метри“.
За среќа, локалецот поминал без повреди и се соочува со минимална материјална шета.
Жена која исто така живее во истата област открива дека уште спиела кога се случила првата експлозија.
„Звучеше како оние големите огномети на крајот на некоја прослава. За миг со сопругот се прашувавме зошто некој пука огномети наутро.
Кога го отворивме прозорецот да видиме што се случува, имаше втора експлозија. Помислив дека ќе ни се сруши целата куќа“.
Според последните информации, во експлозијата нема жртви и сите вработени во фабриката се безбедни.
Но, доставувач на храна кој се нашол во областа се здобил со полесни повреди, а наоколу имало и материјална штета.
Областа околу фабриката брзо била евакуирана бидејќи се слушале помали експлозии и неколку часови по првата.