Страв од сериски убиец во Мексико – Убиени се 3 жени на слична возраст, ги нашле полусоблечени, токму пред Светското првенство таму
- Детали
- среда, 03 јуни 2026
Во градот Пуерто Ваљарта, во период од само 11 дена биле пронајдени три убиени жени. Локалците веќе се загрижиле дека е во прашање сериски убиец, а властите засега велат дека случаите не се поврзани. Инаку, градот се наоѓа во истата сојузна држава како и Гвадалахара каде ќе се одиграат неколку меча од Светското фудбалско првенство овој јуни. Па, се шпекулира дека можеби затоа надлежните негираат дека жените се убиени од истата личност.

Пуерто Ваљарта важи за тропски рај и една од најпопуларните дестинации за одмор во Мексико.
Со песочните плажи и забавниот ноќен живот, градот годишно привлекува и по шест милиони туристи.
Но, сега Пуерто Ваљарта сосема возможно е место во кое има активен сериски убиец.
Во мај, во период од само 11 дена, во градот беа пронајдени три тела на убиени жени, а бидејќи некои детали се поклопуваат, локалците и туристите стравуваат дека виновникот е една личност.
Како што споделува The New York Times, убиецот сосема возможно е активен и надвор од градот, во пошироката област, бидејќи досега се пронајдени вкупно седум убиени жени, вклучувајќи ги и трите во Пуерто Ваљарта.
Во два или три случаи, блузите на убиените жени биле речиси соблечени на ист начин, а ова е само еден детаљ што според надлежните веројатно ги поврзува убиствата.
Според портпаролка на областа во која е најдено едно од телата, и таа се сомнева во сериски убиец. Но, сосема веројатно е надлежните да пробуваат да не креваат паника поради Светското фудбалско првенство кое ќе започне во јуни.
Неколку мечови ќе се одиграат во Гвадалахара – град кој е во истата сојузна држава (Халиско) како и Пуерто Ваљарта.
„Ова им е заедничко на фемицидите кои се случија периодов. Овој специфичен детаљ почна да ги буди сомнежите за сериски убиец.
На дел од жртвите блузите им беа кренати. Во два, можеби три случаи, блузите на жените беа полусоблечени“, вели портпаролката.
Првата жртва била пронајдена на 10-ти мај. Жената носела сина блуза и се претпоставува дека е на возраст од 30 години, а бил најдена со пресечени вени на зглобовите на дланките.
Само пет дена подоцна била пронајдена втората жртва. Жената се претпоставува дека е на возраст помеѓу 35 и 40 години, а имала повреди на главата.