„Маж ми 18 години е заглавен во најстрашниот затвор во Дубаи – условите се ужасни, имаше и туберкулоза“

Набрзо потоа банката го обвинила дека не ги плаќа ратите – нешто што неговото семејство вели дека не е точно.

Случајот завршил на суд, па на Рајан му било наредено одеднаш да исплати сума од над 320 милиони долари. Рајан немал толку пари, па го затвориле.

mazh-mi-18-godini-e-zaglaven-vo-najstrashniot-zatvor-vo-dubai-uslovite-se-uzhasni-imashe-i-tuberkuloza-08.JPG

Но, истовремено, сите негови средства и имоти биле одземени, па неговата сопруга и трите деца останале на улица.

Додека Хедер да успее да застане на нозе, вели дека живееле кај роднини и пријатели, а во меѓувреме таа барала начин да го извади маж ѝ од затвор.

„Не можам да се откажам од него, не ни помислувам на тоа. Ме имаат советувано да се разведам, но нема да го напуштам кога е во лоша положба.

Се слушаме секој ден и не би издржала ако не му го слушнам гласот. Од почеток ми е јасно колку е погрешно сето ова, па не губам надеж“.

mazh-mi-18-godini-e-zaglaven-vo-najstrashniot-zatvor-vo-dubai-uslovite-se-uzhasni-imashe-i-tuberkuloza-6.JPG

Хедер вели дека многу луѓе не се свесни дека и нив може да им се случи истото ако не внимаваат кога отвораат бизниси во Дубаи.

„Има многу замки и како странци, немате никакви шанси ако се случи нешто лошо, дури и ако сте во право“.

Рајан бил уапсен во 2008-ма, а бил осуден во 2011 година. Додека да почне судењето, бил во затвор.

Најпрво му била изречена 10-годишна затворска казна за „проневера на државни средства“.

mazh-mi-18-godini-e-zaglaven-vo-najstrashniot-zatvor-vo-dubai-uslovite-se-uzhasni-imashe-i-tuberkuloza-09.JPG

Бил примерен затвореник, но два месеца пред да му заврши казната, повторно го извеле на суд каде што му било соопштено дека ќе помине уште 20 години во затвор доколу не може да го плати целиот долг.

Иако Хедер вели дека се бори за сопругот, сега почнала да се загрижува за неговото здравје.

Открива дека има ужасна исхрана, без воопшто овошје и зеленчук. Исто така, имал проблеми со висок крвен притисок, неколку кожни болести, се заразил од туберкулоза, а и неколкупати имал ковид.

„Условите се ужасни. Исхраната е лоша и немаат никаква физичка активност. Рајан прави сè што може за да си го одржи здравјето – крева шишиња вода и пробува да се движи. Но, здравјето не му е добро“.

mazh-mi-18-godini-e-zaglaven-vo-najstrashniot-zatvor-vo-dubai-uslovite-se-uzhasni-imashe-i-tuberkuloza-03.JPG

Хедер додава дека е среќна што барем може да го слушне секој ден.

„На Рајан му е дозволен еден телефонски повик дневно и едвај ги чекам тие повици. Тогаш му кажувам сè за мене и децата. Знае дека се бориме за неговото ослободување и мислам дека тоа му помага да продолжи“.

Рајан не е единствениот странец кој е затворен во Дубаи по обидот да отвори бизнис.

Британецот Алберт Даглас поминал пет години во истиот затвор како Рајан откако бил обвинет за финансиска измама.

Вели дека како Рајан, и тој е невин, но сепак трпел тортура во затворот.

mazh-mi-18-godini-e-zaglaven-vo-najstrashniot-zatvor-vo-dubai-uslovite-se-uzhasni-imashe-i-tuberkuloza-02.JPG

Ја отслужил казната во мала ќелија во која имало уште 14 други затвореници.

„Беше како кошмар без крај… Има многу затвореници осудени на 16, 17 години кои имаат изгубено надеж дека ќе бидат ослободени“, споделува Алберт.

Сопругот на Хедер веќе 18 години е затворен во Дубаи, а таа и децата велат дека ќе се борат до последно.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg