Застрашувачки видеа од земјотресот на Филипините со јачина од 7,8 степени – постои и опасност од цунами

Јужниот дел од Филипините беше погоден од силен земјотрес во кој има и жртви – засега 15, но надлежните стравуваат дека бројот ќе расте. Поради јачината на потресот, издадено е предупредување за цунами што може дополнително да ја отежне ситуацијата.

zastrashuvachki-videa-od-zemjotresot-na-filipinite-so-jachina-od-7-8-stepeni-postoi-i-opasnost-od-cunami-01.jpg

Утрово, околу седум часот по локално време, јужниот дел од Филипините беше погоден од силен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер.

Од потресот се срушиле неколку згради, а за жал има и жртви – засега се 15.

Спасувачките екипи се на терен и работат на извлекување на преживеани од урнатините. Но, како што споделуваат надлежните, многу згради кои не се срушиле сепак не се стабилни, па бројот на жртви и повредени може да расте.

Надлежните издале предупредување и за цунами бидејќи потресот зафатил дел од крајбрежјето.

zastrashuvachki-videa-od-zemjotresot-na-filipinite-so-jachina-od-7-8-stepeni-postoi-i-opasnost-od-cunami-05.JPG

Поради јачината на земјотресот, предупредување за цунами е издадено и во неколку други земји во Тихиот Океан, вклучувајќи ги Индонезија и Тајван.

Според надлежните, на некои делови од Филипините било можно да се појават бранови со висина и до три метри.

По силниот земјотрес имало и неколку афтершокови, од кои дел достигнувале јачина од 6,5 степени според Рихтер.

zastrashuvachki-videa-od-zemjotresot-na-filipinite-so-jachina-od-7-8-stepeni-postoi-i-opasnost-od-cunami-04.JPG

Земјотресите се секојдневна појава на Филипините бидејќи островите се лоцирани на област со голема сеизмичка активност.

Сепак, повеќето од овие потреси се многу мали и луѓето не ни ги забележуваат.

zastrashuvachki-videa-od-zemjotresot-na-filipinite-so-jachina-od-7-8-stepeni-postoi-i-opasnost-od-cunami-02.JPG

Посилните земјотреси не се толку чести, а денешниот се вбројува меѓу еден од најсилните од поновата историја на државата.

За насилен земјотрес се смета оној од 1976 година, со јачина од 8 степени според Рихтер, кој беше причина за над 4.700 смртни случаи.

Морничави видеа од денешниот земјотрес споделени на Твитер:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
Убави вести од земјите ширум светот што можеби сте ги пропуштиле Бројот на заболени од рак на грлото на матката во Австралија значително се намал...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...
Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“ Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...
Принцот Ендру е уапсен на неговиот 66-ти роденден поради случајот со Џефри Епстин - наводно издавал ... Денес (19.02) братот на кралот Чарлс беше уапсен поради сомнеж за злоупотреба на...
Сите љубовници на Адолф Хитлер - Бирал двојно помлади девојки, една му родила син, внуката се убила ... Приказната за љубовта на Адолф Хитлер и Ева Браун е позната на сите, но малкумин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg