За или против: Нов тренд на посакувана осаменост од инфлуенсерките, сами дома (без партнер и пријатели)

za-ili-protiv-noviot-trend-na-posakuvana-osamenost-od-influenserkite-sami-doma-bez-partner-i-prijateli-03.jpg

Она што го гледаме на Инстаграм и ТикТок е ребрендирање на осаменоста. Претходните генерации често го прикажуваа тоа да бидеш сам, без деца или да поминуваш петок навечер сам, како нешто што треба да се оправдува, а денес како посакувано сценарио.

Односно тоа е претставено како намерен избор на начин на живот.

Инфлуенсерките прават бизнис од промоцијата на својот секојдневен самечки живот, а на темата зошто немаат пријатели, некои од нив кажуваат причини како: „Луѓето ме нервираат“ и „Едноставно не сакам да излегувам“.

Во свет со турбо темпо до прегорување, економски притисок и емоционална преоптовареност, приватноста и тишината станаа посакувани.

Да бидеш ‘без пријатели за вечерта’ или да не излегуваш на состаноци не е осаменост, туку самостојност, тврдат тие.

Се промовира ‘clean girl’ естетиката и се тврди дека помалку планови значи и помалку пороци.

И додека претходните епохи го романтизираа хаосот и постојаната поврзаност, оваа генерација покажува самоконтрола, селективност и регулирање на нервниот систем.

Ова наводно означува славење на граници и внатрешен мир, а осаменоста веќе е на цена и статусен симбол.

Што мислите вие за овој „тренд“? Дали сте за или против?

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Кој е новиот министер за здравство на Унгарија, што ја освои јавноста со победничкиот танц? (видео) Новиот министер за здравство на Унгарија, д-р Жолт Хегедуш, првпат ги покажа тан...
„Сакај повторно“ - Дечко ѝ оставил потресно писмо на саканата откако се самоубил - со години му била... „Кога првпат го прочитав писмото, си помислив: ‘Што по ѓаволите е ова?’. На поче...
„Продадовме сè за да патуваме низ светот и се вративме дома за 6 месеци – реалноста е поразлична од ... „Седиме на убава плажа, но јас морам да се вклучам на состанок. Одиме на кафе во...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Се лекувал од импотенција, заработил милијарди со перење пари: Кој е новиот мистериозен лидер на Ира... Иако не е официјално потврдено, според некои извори новиот врховен лидер е синот...
Бившата тврди дека шетал со нож по дома, тој ја обвинува дека лаже: Што знаеме за Петер Маѓар, новио... По 16 години на власт, Виктор Орбан е заменет од Петер Маѓар – адвокат кој ја по...

Најчитани неделава