За или против: Нов тренд на посакувана осаменост од инфлуенсерките, сами дома (без партнер и пријатели)
- Детали
- недела, 14 јуни 2026
И додека порано на цена беше потрагата по вистински партнер, по што повеќе дружби со пријателите, денес инфлуенсерките промовираат живот на сингл девојка, без пријатели, која живее сама во својот тивок и чист стан и си ужива со пица со серија во петок навечер. Што мислите за овој тренд на „осаменички“ живот?

И додека порано на цена беше копнеж по вистинскиот партнер и дружби и мигови со многу пријатели, денес инфлуенсерките промовираат нов тренд н посакувана осаменост – односно „сингл, без деца и без пријатели“ начин на живот.
И додека некогаш на осаменоста се гледаше во негативен контекст, сега таа се прифаќа, па дури и се посакува.
Социјалните мрежи се преплавени со жени кои гордо го прикажуваат својот статус како сингл личности, без пријатели и без социјални планови, но со стабилна рутина за спиење и нега на кожа.

Една од нив е инфлуенсерката Ела Глоус, која вели:
„Порано мислев дека сакам да бидам сама затоа што уживам во сопственото друштво.
Но, сега не сум сигурна. Сфатив дека сакам да бидам сама затоа што тогаш не морам да се грижам за сè што ќе кажам или направам, како ме перципираат другите или дали другата личност се забавува.
Полесно е да бидам сама затоа што конечно можам да се опуштам. И не морам да угодувам никому освен себеси“.
Лана (@lanaisaaa) од Торонто, пак, вели дека создава содржина на социјалните мрежи „за девојки кои се сами, но не се осамени“.
Нејзината содржина прикажува типични вечери како „сингл и без пријатели девојка која живее сама“, што, во петок, си прави пица и ужива сама во нејзиниот тивок и чист стан.
„Буквално сè што ти треба е мачка. Совршенство“, ѝ коментираат фановите.
Тие велат дека животот сам може да те натера тивко да пуштиш солза некогаш, но поголемиот дел од времето тоа е апсолутна спокојност.
Додаваат дека голема група пријатели е преценета и ги исцрпува ментално самото одржување на пријателствата.
Трендот произлегува од тоа што да се биде сам повеќе не се поврзува со осаменост, туку со самостојност.