Застрашувачки сцени од пожар во бар во Бангкок – загинати се најмалку 27 луѓе, повеќето се криеле во тоалет (видео)

Трагедија во Тајланд... Пожарот во барот избувнал близу сцената, а се шират застрашувачки снимки на кои се гледа како пламенот дивее низ влезната врата – повеќето луѓе кои се обидувале да се скријат во тоалетот, подоцна биле најдени без знаци на живот.

zastrashuvachki-sceni-od-pozhar-vo-pab-vo-bangkok-zaginati-se-najmalku-27-lugje-povekjeto-se-kriele-vo-toalet-video-01.jpg

Во главниот град на Тајланд, Бангкок, ноќеска се случи страшна трагедија, откако избувна пожар во пабот Rong Beer Na Lat Phrao.

Во несреќата загинати се најмалку 27 лица, од кои 18 жени и 9 мажи, а 8 се тешко и критично повредени, според досегашните информации кои ги споделува BBC.

Пожарот избувнал во близина на сцената и огнената стихија брзо почнала да се шири, заради што гостите во паника почнале да врескаат и да бегаат кон излезот.

Голем дел од нив пробале да најдат засолниште во тоалетот, но токму таму подоцна нивните тела биле најдени безживотни.

Во внатрешноста на барот, според очевидци, глетката е морничава, шишиња пиво уште стојат на масите, но покриени со пепел, а мирисот на изгорена пластика уште се чувствува, и неколку часа подоцна, додека пак повеќето прозорци се искршени.

Пожарникарите интервенирале брзо и го ставиле под контрола пожарот во рок од 30 минути, а првичната истрага укажува дека можна причина за несреќата е електричен кратој спој во клима-уредот.

Иако уште нема официјален извештај, истрагата ќе продолжи детално, а светските медиуми пренесуваат дека ова не е прв ваков случај во Тајланд, иако надлежните постојано ветуваат подобрување на стандардите за електрична безбедност.

На социјалните мрежи кружат многу видеа од застрашувачки сцени од пожарот на кои се гледа паниката во локалот, но и морничавата огнена стихија која дивее низ влезната врата.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце) Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...

Најчитани неделава