Рекордно топење на арктичкиот мраз

rekordno-topenje-na-arktickiot-mraz

Арктичкиот мраз следната недела ќе се намали на рекордно мала површина, а потоа ќе продолжи да се топи, соопштија во понеделник американските научници од Националниот центар за податоци за снегот и мразот.

„Новиот рекорд...ќе се случи кон крајот на август. Најверојатно тој мраз ќе продолжи да се повлекува и откако ќе достигне рекордно мала површина“, изјави научникот Тед Скамбос.

Површината на арктичкиот мраз е важна бидејќи ги одредува климатските обрасци ширум светот, а научниците Арктикот понекогаш на шега го нарекуваат „глобален клима уред“.

Оваа година топењето на мразот на Арктикот ја актуелизираше идејата за можно отворање на северните поморски рути кои би го поврзувале атланскиот брег на Канада и Аљаска, односно Европа и Сибир.

Додека делови од Арктичкиот океан се топат, 2012 година се регистрирани рекордни температури и суши ширум Северната хемисфера, посебно во континенталниот дел на САД.

„Ова лето мразот би можел да се намали на само околу четири милиони квадратни километри површина, што е досега незабележано“, рече Скамбос.

Досегашниот рекорд е забележан во 2007 година кога површината на Арктикот под мраз во текот на летото се намали на 4,28 милиони квадратни километри, што е 39 отсто помалку од долгогодишниот просек од периодот 1997 до 2000 година.

Минатата година најмалата површина на арктичкиот мраз е измерена на 9 септември.

21.08.2012. (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
„Пораснав на улица со мајка зависник, татко коцкар - сега имам милиони, уживам во луксуз и се фалам ... „Мајка ми ме родила на 16 години. Татко ми беше многу постар маж, во тоа време и...
„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...

Најчитани неделава