Почина актерот од „Зелена милја“
- Детали
- вторник, 04 септември 2012

Американскиот актер Мајкл Кларк Данкан, познат по улогата на Џон Кофи во филмот „Зелена милја“, почина во 55 година од животот.
Пријателката на Данкан, Омароса Миниголт, соопшти дека актерот починал на една приватна клиника во Лос Анџелес, каде се лекувал од последиците на инфарктот.
Данкан, поранешен телохранител, со актерството започнал да се занимава на 30-годишна возраст, а во филмот „Зелена милја“ соработуваше со Оскаровецот Том Хенкс.
Покрај овој филм, кој му донесе светска слава, Данкан глумеше во многу кино хитови, вклучувајќи ги „Армагедон“ и „Царот Шкорпион“.
Данкан на 13 јули доживеа инфаркт од кој не закрепна.


04.09.2012 (Макфакс)
Би можело да ве интересира:
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она...
Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце)
Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“
Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...
„Се преселив во Дубаи, но што не ми се допаѓа од животот тука?“
Елби Хеншо од Велика Британија открива дека луксузниот град не е само забава и г...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ...
Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...
„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“
Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...