Без раце и нозе плива и сурфа

Приказната која следи зборува за Ник Вујичич, неверојатен млад човек кој, наспроти инвалидитетот, стана пример за сите нас. Иако нема ни раце ни нозе...

... научил да игра фудбал, да плива, па дури и да сурфа, а во неговите успеси тешко дека нешто може да го сопре.

Ник кој има 26 години, a со своето мало стопало под левиот колк е делот со чија помош држи рамнотежа и шутира, пишува Telegraph.

Со тој дел од телото пишува со пенкало, куца на тастатура, па дури и подига работи. Ник тврди дека недостатоците му го направиле лесно пливањето, а малото стапало му служи како "пропелер".

Во текот на патувањето кон Хаваи 2008 година, со помош на професионалната сурферка Бетанија Хамилтон, тој научи и да сурфа. И самата Бетанија имала несрекен случај во својата 12та година, кога ајкула и ја одгризала раката. Ник се појави и на насловната на магазинот "Сурфер", а освен ова, има и бројни други хобија како што е голфот, а топката ја удира поставувајќи го стапот под брадата.

bez-race-i-noza-pliva-i-surfa1

Ник е роден без екстремитети, а за неговиот случај докторите немале никакво медицинско објаснување. Неговата состојба е реткост, а се нарекува фокомелија. Со текот на времето тој научил како да ги користи деловите од телото кои ги има, за да може да ги преживее тешкотиите кои животот ги постави пред него.

Храбриот млад човек е роден во Мелбурн, а моментално живее во Лос Анџелес. За своето едно стапало вели: "Без него би бил изгубен. Кога сум во вода јас лебдам, бидејќи 80% од моето тело го сочинува трупот."

Уште од мал родителите го научиле да биде самостоен, а татко му на негови 18 месеци го пуштил во вода како би го охрабрил за да научи да плива. На училиште сите си поигрувале со него, но тоа не го спречи да дипломира во областа на финансиско планирање и недвижности.

Патувал преку 24 земји и разговарал со преку 110.000 луѓе. Во 1990 го освоил признанието "Австралиски граѓанин на годината" и инспирирал многумина покажувајќи дека се' се може со желба и труд.

"Сам одлучив да бидам благодарен на она што го имам, а не лут на она што го немам", вели Ник.

Секоја чест момче, ти си вистинска инспирација и човек вреден за почит!

Би можело да ве интересира:

Трогателна исповед на маж жртва на семејно насилство: „Не ми даваше да јадам, се закануваше дека ќе ... Маж од Англија го споделува своето потресно искуство со поранешната партнерка ко...
Трагичната приказна за близначките Кејтлин и Хедер од САД: „Сестра ми ја најдоа заклучена во кутија ... „Мојата сестра близначка Кејтлин немаше активност на социјалните мрежи повеќе од...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
13-годишно девојче е жртвата најдена во автомобилот на млад музичар - Што знаеме за случајот што ја ... 13-годишната Селест Ривас Хернандез беше пријавена за исчезната во април 2024, а...
Кочија како од „Пепелашка“: „Најразгаленото девојче од Англија“, прослави 5-ти роденден со раскошна ... Родителите на „најразгаленото девојче од Англија“; потрошиле скоро 20.000 евра з...

Најчитани неделава