Кочија како од „Пепелашка“: „Најразгаленото девојче од Англија“, прослави 5-ти роденден со раскошна забава
- Детали
- петок, 02 јануари 2026
Родителите на „најразгаленото девојче од Англија“; потрошиле скоро 20.000 евра за нејзиниот петти роденден. Иако честопати се критикувани бидејќи премногу ја разгалуваат ќерка им со пари, таткото на Ребека вели дека имал добра причина зошто ја третира како принцеза,

Секој родител сака да му го овозможи најдоброто на своето дете.
Но, некои родители се соочуваат со осуда за тоа колку ги разгалуваат своите деца со пари и скапи подароци.
За ова се критикувани Британците Ванеса и Кингсли Џорџ, чија ќерка е нарекувана „најразгаленото девојче во Англија“.
За прославата за нејзиниот петти роденден, тие потрошиле скоро 20.000 евра.
Прославата се одржала на 6-ти декември, а ќерка им Ребека пристигнала со кочија како од цртаниот филм „Пепелашка“.
Облечена како принцеза, Ребека носела Givenchy фустан вреден околу 900 евра, заедно со розови чевли и круна.
На прославата присуствувале 80 гости, од кои сите добиле скапи подароци.
Децата добиле играчки, паметни часовници и фотоапарати, додека нивните родители добиле шише шампањ, и тоа од бренд кој го поседувала Ребека.
„Кога Ребека пристигна, гостите веќе беа дојдени и ја чекаа. Кочијата изгледаше волшебно, како во Пепелашка.
И децата и родителите викаа од радост“, сподели нејзината мајка, 29-годишната Ванеса.
39-годишниот Кингсли, таткото на Ребека, кој е познат музичар во Англија, вели дека ќерка му имала роденден од соништата.
„Едвај чекаше да почне забавата, постојано прашуваше кога ќе дошол коњот. Самата си го облече фустанот, единствено побара помош со накитот. Навистина е посебно да ја гледам како расте“.
Иако родителите на Ребека неретко се критикувани што ја разгалуваат ќерка им, нејзиниот татко вели дека има причина зошто ја третира како принцеза.
„Мајка ми загина во авионска несреќа во 2010 година. Отсекогаш сакав првото дете да ми биде девојче, за да го крстам по мајка ми – Ребека.
И, секогаш си велев дека она што не можам да го направам за мајка ми, ќе го направам за ќерка ми“.